Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Азурен брег – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Азурен брег – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Blog thumbnail

1 ден 16.04.2020 СКОПЈЕМИЛАНО         

Состанок на групата во 11:00ч. и поаѓање во 11:30ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 17.04.2020 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (околу 2 часа) за  шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор,  одиме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден 20.04.2020 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 21.04.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 16 места               : 199/ 12.340ден.

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                          : 229€/ 14.200ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница ( или околината ) во хотел  3* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Ница
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

                       * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Милано со локален водич – 10€
  • Посета на Ез, Монакои Монте Карло– 25€
  • Посета на Кан и Сент Тропез – 35€
  • Патничко осигурување (групно, без франшиза) – 5€/310ден
  • Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице на ден се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба во хотел – 4.390 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                          Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

                                                                             За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *