+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Атина

1 ден 09.10.2019 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

 

2 ден 10.10.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

 

3 ден 11.10.2019 ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 12.10.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 13.10.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 14.09.2019 : 119eur/7.380денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129еур/7.998денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 210 ден
  • Разглед на градот (10€)
  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)
  • Вечера во Таверна (35€)
  • Посета на Пиреј и Сунион (10€)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 12 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk