Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Бали

Бали

Blog thumbnail

15.04–26.04.2020  (12дена/9ноќевања/Авион)
Цени од 989€ по лице

                     БАЛИ ВЕЛИГДЕН 2020

                                        15.04–26.04.2020  (12дена/9ноќевања/Авион)

Волшепството наречено остров на боговите – БАЛИ со векови ги маѓепсува своите посетители со богата култура, традиција и спектакуларни панорами. Сместен во југоисточна Азија, на екваторијалниот премин на Индискиот со Тихиот Океан, Индонезија, овој тропски остров е толку сликовит што на прв поглед ќе ви се чини нереален. Опкружен е со кристално чисто море и долги, бели песочни плажи, додека во внатрешноста владеат џунгли, високи вулкански планински масиви, сликовити локални населби и импресивни оризови тераси. Бали е дестинација и атракција за секој посетител. Плени со богатото историско наследство за кое балижаните се особено горди. Овој народ успеал да ја задржи својата долга верска традиција која се отсликува на секој начин во секојдневниот живот на населението и во архитектурата која изобилува со величествени храмови и палати. За сурферите и љубителите на слични водени спортови нај атрактивна е западното крајбрежје каде се наоѓаат некои од најубавите плажи на светот, додека источното крајбрежје е рај за релаксиран и мирен фамилијарен одмор со плажи од ситен песок и мирно море.

Меѓу поатрактивните туристички области се Кута, Санур и Нуса Дуа, кои нудат многу забава, ресторани, барови и шопинг. Луѓето на Бали во најголем дел се хиндуси по религија. Спиритуалноста е нивна главна карактеристика, им даваат душа на сите предмети, па така и целиот остров го поврзуваат сликите на мистиката, убавината, мирот и добрата воља и модерниот свет. Индонезија има тропска, монсунска клима, која се одликува со мали промени на температурата, благи ветрови, релативна влажност и периодични дождови. 

Програма на патување:

1 ден (15.04): СКОПЈЕ – ДОХА

Полетување од Скопскиот Интернационален Аеродром кон за Доха во 12:25 часот со Qatar Airways. Пристигнување во Доха во 18:20 часот локално време.

2 ден (16.04): ДОХА – ДЕНПАСАР

Полетување од Доха кон Бали во 02:50. Пристигнување во Денпасар (Бали) во 17:30 часот. По завршување на пасошка и царнска контрола пречек од страна на партнерот и организиран трансфер до избраниот сместувачки капацитет. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 -10 ден (17 – 24.04): УЖИВАЊЕ НА БАЛИ

Појадок во хотел. Слободни денови за индивидуални прошетки, шопинг, капење, сончање или одмор. Вклучени 3 придружни екскурзии на Бали со превоз и водич на англиски јазик – 2 целодневни екскурзии и 1 полудневна екскурзија. Екскурзиите ќе опфатат повеќе од главните знаменитости на Бали, меѓу кои посета на повеќе важни храмови, локален традиционален танц, природни убавини итн итн. 8 Ноќевањa во хотел.

11 ден (25.04): ДЕНПАСАР – ДОХА

Појадок. Одјавување од хотел согласно времињата определени со хотелските правила. Слободно време до времето предвидено за трансфер кон аеродромот. Трансфер до аеродром за Лет кон Скопје, преку Доха, во 18:45 часот. Пристигнување во Доха во 23:45 часот.

12 ден (26.04): ДОХА – СКОПЈЕ

Лет од Доха кон Скопје во 07:00, пристигнување во Скопје во 11:15 часот.


БАЛИ ЗА ВЕЛИГДЕН 2020 Авион – А.Такси – 9BB – Трансфери – Екскурзии Авионски пакет аранжман од Скопје  ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 15.04.2020 – 26.04.2020  
 ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 16.04.2020 – 25.04.2020
 УСЛУГИ 9 BB + трансфери + екскурзии
 НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ  9Н / 12Д
ИМЕ НА ХОТЕЛ НА БАЛИ  ЛОКАЦИЈА НА ХОТЕЛОТ  ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 соба
 FONTANA HOTEL 3*  KUTA  959 € / 59.458 мкд
 WINA HOLIDAY 3*  KUTA  989 € / 61.318 мкд
 IBIS STYLE BENOA 3*  KUTA  989 € / 61.318 мкд
 GRAND WHIZ NUSA DUA 3*  NUSA DUA – BENOA  1.039 € / 64.418 мкд
 JAYAKARTA 4*  SEMINYAK  1.099 € / 68.138 мкд
 PARIGATA RESORT SPA & VILLAS 4*  SANUR  1.099 € / 68.138 мкд
 HOLIDAY INN RESORT BENOA 4*  BENOA  1.179 € / 73.098 мкд
 PATRA BALI RESORT & VILLAS 5*  KUTA  1.209 € / 74.958 мкд
 GRAND INNA KUTA 4*  KUTA  1.229 € / 76.198 мкд
 SADARA BOUTIQUE BEACH RESORT 4*  BENOA  1.229 € / 76.198 мкд
 THE TANJUNG BENOA CAMAKILA 4*  BENOA  1.239 € / 76.818 мкд
 RAMADA BINTANG BALI RESORT 5*  KUTA  1.309 € / 81.158 мкд
 GRAND MIRAGE RESORT 5*  NUSA DUA – BENOA  1.319 € / 81.778 мкд
 MELIA BALI VILLAS & SPA 5* DLX  NUSA DUA  1.529 € / 94.798 мкд

За резлизација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници.

Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€.

Општите услови за патување на ФАЛКОН ТРАВЕЛ&СЕРВИС и СКТМ се составен дел од овој аранжман.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Авионски превоз  Скопје – Денпасар – Скопје со Qatar Airways
  • 9 ноќевања во избрнаниот хотел на база на ноќевање со појадок
  • Вклуечени придружни екскурзии:  2 целодневни + 1 полудневна
  • Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Асистенција од претставник на локален партнер
  • Организација на аранжманот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Дополнителни факултативни посети и екскурзии

Забелешки:

Виза за Индонзеија за лица со македонски пасоши не е потребна, но за патувањето потребно е пасошот да биде со важност од минимум 6 месеци по датумот на враќањето.

• Организатор на ова патување е ФАЛКОН ТРАВЕЛ СЕРВИС

• Патниците со пасоши кои не се Македонски потребно е да се информираат окулу визниот режим во соодветна институција. Агенцијата не сноси одговорност за пасошко – царински процедури. 

• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.

• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.

• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот и факултативните излети.

• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

22.05 Скопје – Доха
Состанок на групата на Александар Велики, два часа пред лет.Полетување од Скопје во 11:25ч и слетувате во Доха во 18:20ч.

23.05 Доха- Денпасар Бали                                                                                      
Полетување за Доха е во 02:50 часот. Пристигнување во Денпасар е во 17:30 часот. Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Кута/ Нуса Дуа .Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.

24.05-30.05 Бали
Бали е  инспирација, магичен остров кој има недопрени плажи , вулкани и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот   кои  ја славаат својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е  скапоцениот камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи , да ја осетете благодетите на арома терапијата , можете да го испразнете Вашиот ум со јога, Тај Чи , сурфајте или пробајте да се пазарете на традиционалните пазари.

Авантурата на Бали започнува на плажа, со балински специјалитети, егзотична комбинација на вкус. Уживајте во идиличната атмосфера на мек, златен песок и да го видиме  прекрасниот залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционални джакузи, ритуали и легенди.Уживајте во прекраната  миризба на ароматичните масла при масажа кај Индонезиските масери и заборавете на секојдневниот живот, бидејќи вашата реалност станува ова рајско место. Дозволете Бали да Ве заведе со својот специјален шарм.

Можност за организација на факултативни излети – Јужен Бали, малиот храм кој е изграден на ивица на една карпа, Убуд со посета на светата шума на мајмуните, посета на Кралскиот  Храм  на Mengwi, посета на терасите од ориз како карактеристична слика на Бали …

30.05 Бали/ Денпасар – Доха – Скопје
Појадок.Слободни активности .Трансфер од хотел до аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines во вечерните часови.
Полетување од аеродромот во Денпасар со лет на Qatar Airlines во 1845 часот.
Слетување во Доха .Полетување од Доха во 07:00 и слетување во 1115 во Скопје на 30.05.2019

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *