1 ден 30.04.2020 – СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок со групата кај арена Борис Трајковски. Поаѓање за Црна Гора во 22.00часот. Ноќно возење преку
граничните премини на Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 01.05.2020 – БУДВА
Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални
активности и шопинг. Можност за прошетка до Стариот Град,пристаништето, прошетка по кејот на познатата
Словенска плажа,цитаделата,бројните кафулиња,ресторани и бутици. Вечерта e планирана факултативна посета
во некој од националните рестораните со морска храна и национални специјалитети во Будва, во спротивно
индивидуална прошетка низ преубавата Будва. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 02.05.2020 – ДУБРОВНИК – БУДВА
Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект.
Прошетка низ стариот дел на Дубровник – Страдун,Дубровачките градски зидини,статуата на Св.Влах-
заштитникот на градот,Кнежев двор,Катедралата Вознесение на Дева Марија…Слободно време за
фотографирање,индивидуални активности и прошетки.Во договореното време враќање во Будва. Ноќевање.
3 ден 03.05.2020 – БУДВА – БАР – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје и попатно застанување до Бар – крајбрежен град на
Јадранското Море со население од 40.000 жители.Се наоѓа на 40 км од Будва,измеѓу Јадранското Море и
Скадарското Езеро и е еден од најсончевите градови во Европа (има повеќе од 270 сончеви денови годишно).
Градот е поделен на 2 дела: Стар и Нов Бар. Стариот град е вистински археолошки музеј под отворено
небо,опркужен со маслинести и овошни дрвја.Новиот град е модерен со модерни градби,широки
улици,продавници, песочни плажи и пристаниште.Можност за индивидуална прошетка и шопинг.Патот
продолжува кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување наредниот ден во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 99 евра / 6100ден
Во цената на аранжманот e вклучено:
Превоз со туристички автобус на дадената релација
Организација и реализација на патувањето
ГРАТИС – попатна посета на БАР
2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будва
Туристички придружник во текот на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
Патничко осигурување 150 мкд
Туристичка такса за хотелот – 150 мкд (се плаќа во агенција)
Факултативен излет до Дубровник – 20 евра ( за реализација се потребни минимум 25 лица )
Резрвација и посета на ресторан – 25 евра ( минимум 20 лица )
Влезници во културно/историски споменици
БУДВА – 1ви Мај
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот
илихотелот
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7
дена преддатумот на започнување на истиот
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на
влезниците на локалитетите и музеите
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од
локалитетите предвиден за посета и сл…
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници