Б А Л И-24ТИ МАЈ

без скриени трошоци и доплати

Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Неговото население (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот  , мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, но ова е нешто што најмногу се  извезува. Живописните  бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население ,  храна која  е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано  на овој мало парче од  рај на земјата ,сигурно ќе ги задоволи  Вашиот вкус …

 

Скопје – Доха   Лет од Скопје – чекирање на аеродром Скопје два часа пред лет. Полетување од Скопје во и слетувате во Доха согласно саатници на авио компанија и избрани дати (период на патување).

Доха- Денпасар , Бали  Полетување за Доха – пристигнување во Денпасар – согласно саатници на авио компанија и избрани дати (период на патување). Пречек на аеродром од страна на претставник на партнерската компанија и трансфер во хотелот во Нуса Дуа .Пристигнување во хотелот и сместување.

Бали

Бали е  инспирација, магичен остров кој има недопрени плажи , вулкани и бујни тропски шуми. Она што го издвојува Бали од другите тропски острови е традицијата и духовноста на народот   кои  ја славаат својата култура и го негуваат својот идентитет. Бали е  скапоцениот камен на Азија каде можете да се опуштите на прекрасните песочни плажи , да ја осетете благодетите на арома терапијата , можете да го испразнете Вашиот ум со јога, Тај Чи , сурфајте или пробајте да се пазарете на традиционалните пазари .

Авантурата на Бали започнува на плажа, со балински специјалитети, егзотична комбинација на вкус. Уживајте во идиличната атмосфера на мек, златен песок и да го видиме  прекрасниот залез на сонцето. Откријте ја автентичноста на Бали преку традиционални джакузи, ритуали и легенди.Уживајте во прекраната  миризба на ароматичните масла при масажа кај Индонезиските масери и заборавете на секојдневниот живот, бидејќи вашата реалност станува ова рајско место. Дозволете Бали да Ве заведе со својот специјален шарм.

Можност за организација на факултативни излети – Јужен Бали, малиот храм кој е изграден на ивица на една карпа, Убуд со посета на светата шума на мајмуните, посета на Кралскиот  Храм  на Mengwi, посета на терасите од ориз како карактеристична слика на Бали …

Бали/ Денпасар – Доха – Скопје – Појадок.Слободни активности .Трансфер од хотел до аеродромот во Денпасар во вечерните часови. Полетување  од аеродромот во Денпасар – Слетување во Доха – Полетување од Доха – слетување во Скопје. – согласно саатници на авио компанија и избрани дати (период на патување).

Сместување /хотел Тип на соба Од Датум Тип на исхрана Цена од/лице
Standard paket 4* Nusa Dua: Double room 24.05-01.06.2018 8 ноќи -појадок 834 €

 

 

ИНДИВИДУАЛЕН ПРОГРАМ – минимум патници за реализација 2 лица

НАПОМЕНА – Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/услуга

Напомена – цените се валидни согласно моментална расположливост на места во хотелот (период на потврда 24 часа), за наведенин дати на патување, валидни за нови резервации и не е ретроактивна за претходни резервации. Цената е варијабилна согласно промена на тарифи на карти на авио-компанија (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта).

За датуми на патување надвор од наведни дати – ЦЕНИ НА БАРАЊЕ.

Во цената е вклучено :

  • Авионски билет на релација Скопје-Доха-Денпасар-Доха-Скопје со Qatar Airways сo вклучен багаж 30 кг;
  • Аердромски такси
  • 08 ноќевања во хотел на Бали на база на соодветниот тип на исхрана (Хотел Bali Nusa Dua 4*);
  • Трансфер  аеродром – хотел – аеродром ;

 

 Цената не вклучува :

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Се што не е наведено во делот ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

 

Услови :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 20 дена пред поаѓање.
  • За ова патување не се потребни медицински имунизации.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
  • Задолжително патничко осигурување
  • За Бали не е потребна туристичка виза за патници кои патуваат со македонски пасоши – за влез на Бали пасош мора да биде валиден минимум 6 месеци од датум на враќање од наведено патување од Бали Неопходни документи : За влез во Индонезија не е потребно претходно обезбедување на виза. Република Индонезија  издава бесплатни визи по пристигнување на сите странски посетители, ако се обезбедени следните услови: валиден пасош и потврда за извршена хотелска резервација.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.