Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Венеција (Верона и Трст)

Венеција (Верона и Трст)

Blog thumbnail

1 ден 17.04.2020 СКОПЈЕ – ТРСТ

Состанок со групата во 13:00 ч. и поаѓање за Венеција 13:30 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 18.04.2020  ТРСТ – ПАЛМА НОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 19.04.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде … Враќање во Лидо ди Јесоло. Вечерта можност за посета на национален ресторан или клуб со забава и жива музика. Ноќевање.

4 ден 20.04.2020 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре… слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

5 ден 21.04.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

  ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 22.02           : 129/ 8.000ден

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                            : 149€/ 9.240ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Лидо ди Јесоло
  • Организиран разглед и прошетка во Трст
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

                * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • ВЕНЕЦИЈА: брод + превоз + локален разглед: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 25
  • Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич – 10€
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Патничко осигурување –  5€
  • Доплата за еднокреветна соба 2.190 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                          Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

                                                                             За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *