Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Истанбул

Истанбул

Blog thumbnail

1 ден 17.04.2020 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти спртски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 18.04.2020 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 19.04.2020 ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел. . Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 20.04.2020 СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии… 

За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 21.04.2020 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 22.02      : 89€/ 5.520 ден

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                    : 99€/ 6.110 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел 3*  / 2 НП
  • Пратител на програмата
  • Организиран трансфер од  Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

* Факултативни Излети:

* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 15 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра

* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за  музеите: 

*Топ Капи – 15 евра

*Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

*Харемот во Топ Капи – 10 евра

* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра

* Патничко осигурување – 5./310ден

* Доплата за еднокреветна соба – 2.490 ден.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                          Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМЗа реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *