Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

КРФ

КРФ

Blog thumbnail

1 ден 16.04.2020 СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во  20: 45, тргнување во 21:15 кон граничниот премин Богородица. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи за станиците на поаѓање и на секои 3-4 часа.

2 ден 17.04.2020 ИГУМЕНИЦА – КРФ

Пристигнуваме на пристаништето во Игуменица. Продолжуваме со траект до островот Крф, каде што ќе го доживееме Велигден на еден сосема поинаков начин. Пристигнување на Крф, сместување во апартмани. Попладнето е резервирано за слободни активности а во договорено време се упатуваме организирано кон стариот град Крф. Во петок е Христовото срадање. Присуството на безбројни туристи, хорови кои го опејуваат страдањето, создаваат атмосфера која го доловува емотивно овој тажен настан. Атмосферата е подкрепена и од повеќе оркестри кои свираат посмрти маршеви од светски познати композитори…Во договорено време враќање во апартманите.  Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 КРФ

Будење и време за кафе и подготовка за втор ден. Првото Воскресение кое започнува утрото. Заминување со автобусот кон главниот град Крф каде сто ќе се следи свеченоста по повод Велигден и традиционалното фрлање на ќупови. Точно во 9ч започнува и Првата поворка, наречено првото воскресение. Под строга заштита се изнесуваат моштите на Св Спиридон – заштитник на островот (моштите му се изнеcуваат само три пати годишно-на Велигден, на 11 август – датумот на кој Свети Спиридон го спасил островот од нападот на Турците, и на празникот на Свети Спиридон). Маршот почнува од горниот крај на Керкира, виејки се по најубавите улици на целиот град. Под звуците на свечената музика на трите филхармонии пред моштите на Св Спиридон, луѓето фрлаат каранфили со кои го постелат  патот на Светец. Парадата завршува во 10, 30 ч и тогаш почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај-кршење на глинени садови. Точно во 11 ч од прозорците почнуваат да летаат садови за вода, полни со вода, различни по големина, во знак на почнувањето на празникот и истерувањето на злото. Обичај е  да земеш парче од скршени садови за вода, и да го зачуваш за среќа и здравје до следната година. Слободно време – 15:00 Враќање во апартмани.

Заминување 21:30 ч назад кон градот за Литургијата и вечерниот марш. Во 23, 30 ч сите се собираат на плоштадот Спианада за да ја слушнат Литургијата. Од црквата Св. Параскева се изнесува осветената свеќа, од која сите носат оган. На полноќ празникот се одбележува и со уникатно светлосно шоу. Во текот на 20 минути небото е осветлено од голем огномет, кој се огледува  во водите на Јонското Море, додека музиката на трите филхармонии се спојува со свечените звуци на црковната песна-откривајќи го Воскресението Христово. Во 1 ч. по полноќ враќање во апартманите.  Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 ПАЛЕОКАСТРИЦА

За денешниот ден предвиден е разглед на  Палеокастрица. Попатно е предвидено да се посети фабриката за правење на слатко и традиционален ликер Ком Куат, направен од мали јапонски портокали.Предвидена е посета на манастирот кој е изграден пред 13 века,старата архитектура, тврдините …Слободно време па следи враќање назад кон Ипсос. Ноќевање.

5 ден 20.04.2020  КРФ – ИГУМЕНИЦА – СКОПЈЕ

Ослободување на апратманите. Предлог факултатива за денешниот ден е посета на дворецот на австриската принцеза Сиси – Ахилио, посветен на грчкиот јунак Ахил. Палатата се наоѓа во селото Гастури. Изградена е од Австро-унгарската императорка, познатата принцеза Сиси, која палатата ја користела како своја летна резиденција. Денес палатата е прекрасен музеј, со уредени градини, скулптури, слики и други уметнички дела …Во пладневните часови се упатуваме со траект кон Игуменица па продолжуваме кон Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови

  ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 16 места                         :  99€ / 6.100ден.

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                                         :  119 / 7.380 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 3 ноќевања во апартмани
  • Превоз со фериброд на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • Три организирани посети на градот Крф
  • Претставник од агенцијата за време на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко осигурување – 150денари
  • Посета на Палеокастица – 15€
  • Посета на дворецот на Сиси (превоз со автобус и влезница) – 15€. минимум за реализација на оваа факултатива е 35 патника
  • Влезници во културно историските споменици

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                        Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

                                                                             За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *