Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Милано – Лугано – Комо – Торино – Портофино – Чинкве Тере – Фиренца

Милано – Лугано – Комо – Торино – Портофино – Чинкве Тере – Фиренца

Blog thumbnail

1 ден СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис
Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински
формалности.
2 ден МИЛАНО
Пристигнување во Милано следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата
Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle
Graziе… Сместување во хотел. Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот (индивидуално)…
Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани. Враќање во хотел.
Ноќевање.
3 ден ЛУГАНО – КОМО ( целодневен факулативен излет )
Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот
на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава,
го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој
е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo,
големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на
монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно
време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови
враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии
кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден Милано – ТОРИНО – Монтекатини Терме
Појадок. После појадокот заминување за Торино. Пристигнување во Торино во пладневните часови, разглед на градот :
Mole Antonelliana (маркантна зграда изградена уште во 1888 како Синагога висока 167,5 метри), Duomo di Torino (во
кое се наоѓа Торинското платно за кое се верува дека бил покриен Исус Христос), Palazzo Madam, Castello del
Valentino… Слободно време за индивидуална прошетка и разгледување на градот. Во попладневните часови поаѓање
за Монтекатини Терме. Во доцните вечерни часови пристигнување, сместување во хотел. Ноќевање. 
5 ден Монтекатини – ПОРТОФИНО – РАПАЛО – САНТА МАРГАРИТА ( целодневен факултативен излет )
Појадок. После појадокот, следи целодневен факултативен излет на најживописниот залив TIGULIO, Liguria каде се
сметени монденските места ПОРТОФИНО, Санта Маргарита и Рапало. Започнуваме со Санта Маргарита мало
живописно градче, сместно на половина пат од Рапало до ПОРОТФИНО. Продолжуваме со брод кон најпознатото
место на Лигурскиот брег ПОРТОФИНО- колоритно крајбрежно градче кое во текот на средниот век преставувало
Bella ITALIA

Милано – Лугано – Комо – Торино – Портофино – Чинкве Тере – Фиренца

главно пристаниште на џеновјанската трговска флота. Низ историјата е посетено од многу славни личности, кралеви,
научници, филмски и естрадни ѕвезди и едно од најлуксузните светски летувалишта познато уште од крајот на XIX
век. Слободно време за индивидуална прошетка и уживање во шармот на Портофино. Во договорено време
продолжуваме кон Рапало, познато по светилиштето на пресвета Богородица изградено на самиот врв на брдото кое се
наоѓа на највисоката точка во местото. Тврдината на РАПАЛО која датира од XVI век е сместена на самото крајбрежје.
Слободно време до поаѓање за Монтекатини. Враќање во хотел. Ноќевање.
6 ден Монтекатини Терме – ЧИНКВЕ ТЕРЕ – Монтекатини Терме ( целодневен факултативен излет )
Појадок. После појадокот (07:00ч.) заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и
најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на регионот. Пристигнување во градот La Spezia од каде се
продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Manarola и
Riomaggiore Monterosso al Mare (можност за уживање на преубавата плажа која ја нуди ова мало Лигурско
крабрежно селце, подолга пауза), Vernazza кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE,
кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен светски
туристички центар. Враќање во La Spezia. Враќање во Монтекатини Терме. Ноќевање.
7 ден Монтекатини Терме – ФИРЕНЦА
Појадок. После појадокот (08:00 ч.) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот
подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како
големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич:
Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот
ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на
ФИРЕНЦА. Во попладневните часови заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за пасошка, царинска
конторла и паузи за одмор. Патување преку Словенија, Хрватска и Србија
8 ден Скопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови
ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.06.2020 (прв термин ) : 279€/ 17.299ден
ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 01.08.2020 (втор термин ) : 279€/ 17.299ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 299€/ 18.530ден
Во цената на аранжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Милано или околина
 Сместување во хотел со 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини Терме
 Организиран разглед на Милано со локален водич
 Организиран разглед на Торино со локален водич
 Организација, реализација и придружник на патувањето од ФАЛКОН
Во цената на аранжманот не е вклучено:
 Туристичка такса за 2 ноќевањa во Милано 3-5€ по ден (се плаќа во хотелот)
 Туристичка такса за 3 ноќевањa во Монтекатини 3€ по ден (се плаќа во хотелот)
 Факултативен излет на ЛУГАНО ( Швајцарија ) и КОМО – 30€
 ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА за РАЗГЛЕД НА ФИРЕНЦА – 15€ ( локален водич + слушалки за разглед )
 Целодневен излет на CINQUE TERRE (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на
Wi-Fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
 Целодневен факутативен излет – ПОРТОФИНО ( Портофино , Санта Маргарита и Рапало) – 45€
 За купени 3 факултативи – ГРАТИС КРСТАРЕЊЕ НА ЕЗЕРОТО КОМО
 Влезници за културно-историските знаменитости
 Индивидуални трошоци
 Патничко осигурување – 5€/310денари ( до 64години )

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
• Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
• Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
• Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

• Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот или
хотелот
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7
дена пред
датумот на започнување на истиот
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на
влезниците на
локалитетите и музеите
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или
културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини,
како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за
посета и сл…
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

https://roms-download.com/emulators
download emulators
utorrent 2.2.1
scph1001