Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

СИЦИЛИЈА – ( Палермо – Катаниа – Сиракуза )

СИЦИЛИЈА – ( Палермо – Катаниа – Сиракуза )

Blog thumbnail

1 ден 16.04.2020 СКОПЈЕ – Драч

Состанок со групата и поаѓање за Драч во 14:00 часот на паркингот кај салата Борис Трајковски“ . Се патува преку граничниот премин Ќафасан пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба.

2 ден 17.04.2020 Бари – Месина – Џардини Нахос – Таормина

Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Сан Џовани. Од Сан Џовани со брод се продолжува кон портата на Сицилија, градот  Месина. По триесетминутно возење пристигање во Месина и продолжување кон Џардини Нахос (Таормина). Краток разглед на градот. Сместување во хотел. Сободно време за одмор или прошетка низ Таормина. Ноќевање.

3 ден 18.04.2020 Катаниа – Сиракуза (факултатвен излет)

Појадок .По појадокот следи целодневна факултативна посета и разглед на Катанија и Сиракуза. Попатна посета на  вуланот Етна каде од 1800м н.в. се пружа незаборавен поглед на кратерот Силвестри и околниот релјеф од оладената вулкаска лава и пепел. Пристигање во Катанија ,разглед на градот кој е еден мозаик од култури за што најдобро сведочат: катедалниот плоштад Piazza del Duomo со импозантната фасада на Basilica di Santa Agata, многуте барокни палати, театарот и плоштадот  Bellini, Piazza Bellini, Via Etnea, Piazza Universita, Piazza Stesiscoro. По кратка пауза се продолжува за Сиракуза родниот град на Архимед. Разглед на историскиот дел градот : катедралата Дуомо,храмот на Аполон,барокната палата Beneventano, фонатаната на божицата Артемида,резиденцијата на кралот Фредерик од 13-от век, археолошкиот парк Неаполис.Во вечерните часови враќање во хотел.Ноќевање.

4 ден 19.04.2020 Џардини Нахос – Палермо ( факултативен излет )

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет до Палермо. Градот стар 2700 год. кој воодушевува со својот раскош кој му го дава  Катедралата од  XII  век , Норманската Палата (Palazzo dei Normani), Plazza Vigliena ,Театарот Massimo,црквата Chiesa di San Domenico. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 20.04.2020 Џардини Нахос – Савока – Месина – Сан Џовани – Бари – Драч

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Месина. Попатно следи посета на живописното село Савока кое во во филмот Кум  го претставува селото Карлеоне; посета на познатиот бар” Вители ” каде Ал Пачино во истоимениот филмот ја среќава и запросува убавата девојка Аполонија, инаку ќерка на сопствениот на барот, посета на црквата Св.Луција каде се одвива нивната венчавка. Слободно време за индивидуални прошетки. Патот продолжува кон Месина. Разглед на историскиот дел на градот.

Од Месина со брод се продолжува копнкопнениот дел на Италија,градот Сан Џовани.Пристигање во Сан Џовани и продолжување кон Бари. Пристигање во Бари во вечерните часови.Патот со брод продолжува кон Драч. Ноќна пловидба.

6 ден 21.04.2020  Драч – Скопје

Пристигање во Драч во утринските часови. Заминување за Скопје преку граничниот премин Кафасан. Пристигање во Скопје во попладневните часови.

 ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 22.02                             : 269€   / 16.680 ден

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                                              :  289€ / 17.920 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Карта за траект (седиште на дoк): Драч – Бари – Драч:
  • Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 60€ по лице ( пријавување во агенција )
  • Доплата за внатрешна кабина со тоалет без прозор: 55€ по лице ( пријавување во агенција )
  • Доплата за внатрешна кабина без тоалет и прозор: 50€ ( пријавување во агенција )
  • Траект Сан Џовани – Месина – Сан Џовани
  • 3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Џардини Нахос или Таормина
  • Разгледи според програмата на : Месина,Таормина и Савока
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот Не е вклучено:

  • Факултативна посета на Катанија и Саракуза – 25€
  • Факултативна посет на Палермо – 35€
  • Патничко осигурување – 6€/370ден
  • Доплата за еднокреветна соба во хотел – 4.650 денари

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                          Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

                                                                             За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

odessa girl
ps2 bios zip
odessameetlove.com
https://roms-download.com/emulators
download emulators
utorrent 2.2.1
scph1001