Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

СОЛУН – МЕТЕОРИ – ПАРАЛИЈА

СОЛУН – МЕТЕОРИ – ПАРАЛИЈА

Blog thumbnail

1 ден  17.04.2020  СКОПЈЕ – СОЛУН

Состанок со групата во 01 30 часот, и поаѓање за Солун во 02:00 часот на паркингот паркингот кај спортски центар ‘’Борис Трајковски’’  Пристигнување и разглед на градот : плоштадот Аристотелис, познатите улици за шопинг Виа Игнација и Тсимицки, Белата Кула, црквата Св. Димитрија. Слободно време за шопинг во центарот на Солун. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Паралија. Сместување во хотел.  Ноќевање.

2 ден  18.04.2020  ПАРАЛИЈА – МЕТЕОРИ

Појадок.  Целодневен факултативен излет до средновековните манастири Метеори, една од најголемите сензации во Грција. Манастирите се изградени на камени карпи на висина до 400 метри над гратчето Каламбака. Пештерите околу Метеора биле населени уште од  11 век од страна на христијаните, а во 14 век почнале да се градат манастирите. Во овој комплекс постоеле дваесет и четири манастири, а денес само шест се останати и отворени за посета и се под заштита на УНЕСКО. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечерта факултативно организирана вечера во грчка таверна.  Ноќевање.

3 ден  19.04.2020  ПАРАЛИЈА – ВЕРГИНА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови посета на музејот на Вергина (факултативно) каде може да се види историски запис од периодот на Античка Македонија за време на владеењето на кралот Филип. Во попладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на маркетот Лидл. Пристигнување во вечерните часови.

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ                                                 : 80€ / 5000 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус Скопје – Солун – Паралија – Метеори – Скопје
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Паралија
  • Организација, реализација и придружник на патувањето од ФАЛКОН

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Метеори со влез во еден од манастирите – 10 (мин. 30 лица)
  • Факултативна вечера во грчка таверна – 15 ( мин. 25 лица )
  • Доплата за еднокреветна соба – 1.199денари
  • Патничко осигурување – 150ден ( до 64 години )
  • Други индивидуални трошоци

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…

                                        Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ

                                                                             За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *