Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Солун – Метеори

Солун – Метеори

Blog thumbnail

1 ден 01.05.2020 СКОПЈЕ – СОЛУН
Состанок со групата во 01 30 часот по полноќ, и поаѓање за Солун во 02:00 часот на паркингот
паркингот кај спортски центар ‘’Борис Трајковски’’ Пристигнување и разглед на градот :
плоштадот Аристотелис, познатите улици за шопинг Виа Игнација и Тсимицки, Белата Кула,
црквата Св. Димитрија. Слободно време за шопинг и индивидуална прошетка во центарот на
Солун… Сместување во хотел… Индивидуално искачање до центарот на Солун или во договор со
пратителот на групата. Ноќевање.
2 ден 02.05.2020 СОЛУН
Појадок. Слободно утро за индивидуално прошетки низ центарот на Солун и преубавите улици на
Виа Игнација и Тсимицки, со можност да го испиете своето прво кафе со преубав поглед кон
морето. Во договорено време со пратителот, состанок на групата и поаѓање до шопинг центарот
на “COSMOS” и “IKEA”, слодбодно време за шопинг, во договорено време поаѓање кон хотелот. Во
вечерните часови, можност за факултативна посета на некој од преубавите модерни ресторани во
центарот на градот или посета на национална грчка таверна, во спротивно планирано
индивидуално искачање до центарот на Солун. Ноќевање.
3 ден 03.05.2020 СОЛУН – МЕТЕОРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Целодневен факултативен излет до средновековните манастири Метеори, една од
најголемите сензации во Грција. Манастирите се изградени на камени карпи на висина до 400
метри над гратчето Каламбака. Пештерите околу Метеора биле населени уште од 11 век од
страна на христијаните, а во 14 век почнале да се градат манастирите. Во овој комплекс постоеле
дваесет и четири манастири, а денес само шест се останати и отворени за посета и се под заштита
на УНЕСКО. Поаѓање за Скопје и планирано пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 80€ / 5.000 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус Скопје – Солун – Скопје

 2 ноќевања со појадок во хотел во Солун
 Гратис шопинг ,,Cosmos’’ и ,,IKEA’’
 Организација, реализација и придружник на патувањето од ФАЛКОН
Во цената на аранжманот не е вклучено:
 Факултативна посета на Метеори со влез во еден од манастирите – 10€ задолжително
 Факултативна вечера во грчка таверна – 15€
 Доплата за еднокреветна соба – 1.199денари
 Патничко осигурување – 150ден ( до 64 години )
 Други индивидуални трошоци

ОПШТИ НАПОМЕНИ:
 Организатор на аранжманот е ТА Фалкон Травел&Сервис
 Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
 Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот
 Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
 За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
 За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
 Автобуските седишта се пополнуваат по датумот на уплата
 Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на
превозот илихотелот
 Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 7 дена преддатумот на започнување на истиот
 Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на
цената на влезниците на локалитетите и музеите
 За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на
јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
 Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
 Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на
непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл…
Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел&Сервис и СКТМ
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *