+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Атина

Програма

1 ден 26.04.2019 СКОПЈЕ – АТИНА

Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 27.04.2019 АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 28.04.201ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена – Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 АТИНА – ПИРЕЈА – СУНИОН – СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 119€/7.380 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/8.000 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* – 2НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Пиреа и Сунион – 10€
  • Организиран разглед на Атина со локален водич – 10
  • Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус – 30€
  • Патничко осигурување – 5
  • Вечера во таверна – 35€
  • Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци

Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk