+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Рим

Програма

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – МОНТЕКАТИНИ

Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање за Венеција 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 26.04.2019  МОНТЕКАТИНИ

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 МОНТЕКАТИНИ – РИМ

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пеш, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот… Сместување во хотел. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.       

4 ден 28.04.2019 – РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Предпладне предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим. Ноќевање.

5 ден 29.04.2019 – РИМ – ФИРЕНЦА

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio… Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 30.04.2019 – Скопје

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.03: 229/ 14.200 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259/16.060 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • Сместување во хотел со 3* во Монтекатини – 1НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* – во Рим или околина – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Реализација и организација на програмата
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Вечерна посета на Пиза – 15
  • Разглед на Рим со локален водич – 15
  • Посета на Тиволи (превоз, влез и разглед) – 25€ – мин. 25 лица*
  • Факултативна посета на Ватиканските музеи, со влезница, водич, превоз – (резервација при уплата) – 50€
  • Влезница за Базилика Св. Петар – 5€*
  • Rome by night излет- 15€
  • Задолжителна посета на Фиренца – 30
  • Влезници за културно-историските знаменитости и карти за јавен превоз
  • Туристичка такса во хотелот во Рим – 6€ по лице на ден (се плаќа во хотелот)
  • Туристичка такса во хотелот во Монтекатини – 2-3€ по лице на ден (се плаќа во хотелот)
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

 

 

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk