+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Санторини

Програма

1 ден 25.04.2019 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 14:30. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ден 26.04.2019 ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација на факултативните излети. Слободно време. Вечерта можност за посета на селото Pirgos и присуство на свечената црковна манифестација за Велики Петок. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 27.04.2019 САНТОРИНИ

Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на пристаништето Athinos по Калдерата од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини се до новото пристаниште а за време на пловидбата се гледаат градовите Oia (Иа) и Fira (Фира). Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта пеш Ве водиме во црква на велигденска литургија за да го дочекаме Христовото раѓање. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 28.04.2019 САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио…  Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани.

Како шлаг на денот Ве водиме во Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање

5 ден 29.04.2019  САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

 Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи..

 

6 ден 30.04.2019 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.03: 199€/12.340 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€/12.900 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје

– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа 

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

– 3 ноќевања со појадок  во хотел со 2*/3* во Камари / Периса

– организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Посета на Pirgos – 10 € (превоз + водич)

– Full day Santorini – 35 € (превоз + водич)

– Влезница на вулканот 2,5 евра

– Kaldera morning  -( крстарење со брод +водич-влезница за вулканот)

– 35 €

–  жичара или магаре до Фира – 6 €

– Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј

( превоз+влезница за винарија+водич) – 16 €

– Грчка вечера со музика 30 €  

– кабина на брод 6.200 денари

– авионско седиште на брод 4.000 денари

– еднокреветна соба 2.000 денари

– задолжително патничко осигурување 5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk