+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Соренто

Програма

1 ден  25.04.2019 СКОПЈЕ – Драч

Состанок со групата и поаѓање за Драч во 14:00 часот на паркингот паркингот кај спортски центар ‘’Борис Трајковски’’. Се патува преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба.

2 ден  26.04.2019 Бари-Неапол- Соренто

Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто. Пристигнување  и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  27.04.2019 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ

Појадок. После појадокот следи  факултативен излет  со брод  до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина- Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на  Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време. Ноќевање.

4 ден  28.04.2019 Соренто – Помпеја – Везув- Соренто

Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од  античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот. По Помпеја се посетува вулканот  Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).

5 ден  29.04.2019 Соренто – Бари – Драч – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.

6 ден  30.04.2019 Драч – Скопје

Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 299€/ 18.540 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
  • 3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Соренто
  • Разгледи според програмата, попатна посета на Неапол
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

                       * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници за  Помпеја и Везув – 65 Еур
  • Факултативна посет на Капри и Амалфи и Позитано – 115 Еур
  • Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
  • Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 70 Еур по лице
  • Патничко осигурување – 5 Еур
  • Доплата за еднокреветна соба 5.580 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk