+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Виена

Програма

1 ден 26.04.2019 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 13.30 ч. и поаѓање за Виена во 14:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 27.04.2019 Виена

Пристигнување во претпладневните часови во Виена и почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Попладнето после разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

3 ден 28.04.2019 Виенски шуми – шопинг центар SCS www.scs.at

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри SCS. Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на некоја од локалните пивници во центарот на градот (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 29.04.2019 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот одјава и напуштање на хотелот. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 30.04.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.03: 149€/ 9.240 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€/ 10.480 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
  • * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 10
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 40
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 30€ – мин. 25 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk