+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Париз

Програма

24.04.2019 – Скопје – Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виенa во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

25.04.2019 – Виена – Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

26.04.2019 – Прага – Париз

Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот,  препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

27.04.2019 – Париз

Во  утринските  часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро).  Ноќевање.

28.04.2019 – Париз (Срцето на Париз – Ајфел- Сена)

Појадок. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

29.04.2019 – Париз-(Версај – Лувр)

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот.   Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ  најпознатата париска авенија  Шанзелизе. Ноќевање.

30.04.2019 ПаризМинхен

Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркoви или можност за целодневна посета на Val d’Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

01.05.2019 – Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање. 

02.05.2019 – Минхен – Салзбург – Скопје

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.             

 

03.05.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.     

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.03: 315/ 19.530 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 345/ 21.390 мкд

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена
  • Прошетка низ Минхен
  • Прошетка низ Салзбург
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 5€
  • Разглед на Прага со локален водич 10 €
  • Крстарње по Влтава 15€
  • Разглед на Париз со локален водич 15 €
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 50 €

(задолжителна резервација при уплата)

  • Лувр(влезница) 20 €
  • Крстарење по Сена 20€
  • Срцето на Париз 10€
  • Дизниленд -цена за влезница + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 8.200 денНАПОМЕНИ:

 

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk