23. ОКТОМВРИ ВО ИСТРА

ПОРЕЧ-ГРОЖЊАН-МОТОВУН-БРИОНИ-ПУЛА-РОВИЊ

 (19.10.2018 – 23.10.2018)

Допрете ја магичната црвена земја… Нека Ве погали медитеранското златно сонце… И почувствувајте ја Истра… Ја нарекуваат хрватска Тоскана… заради синото море, зелените пејзажи, средновековните места изградени во венецијански стил, мирисот на рузмаринот, вкусот на лимонадата од лаванда, афродизијакот тартуф, белото вино малвазија…

Магијата може да започне!

Прв ден:19.10.2018 (петок)

Поаѓање на групата од Скопје во 18.00 часот  кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 20.10.2018 (сабота)

Пристигнување во Пореч  во пладневните часови. Сместување во хотел „Porec“ 3 *** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пореч, градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНИЦЕФ како светско културно наследство. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Ноќевање.

Трет ден: 21.10.2018 (недела)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континенталниот-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун (факултативно). Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 275 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси секојдневно на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, најбајковитиот град во Хрватска во кој влезот со автобус е невозможен. Раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри висок рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Тоа е градот со богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците… Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати сорти на истарските вина-теран и малвазија. Блиската шума пак е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија. По разгледот на градот имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните куќиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе (факултативно). После ловот за време на кој ќе уживате во недопрената природа, се упатуваме на дегустација во традиционално домаќинство Миро Тартуфи ( http://miro-tartufi.com/en/). Во попладневните часови враќање во Пореч. Ноќевање.

Четврти ден: 22.10.2018 (понеделник)

Појадок. Заминување на групата на целодневен излет во приморскиот-синиот дел на Истра со посета на Националниот парк Бриони и градот Пула (факултативно). Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на  претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од Рајот останати меѓу  камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од  два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Голем Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети  како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и Брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“ . Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа.

По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана, а оттаму заминуваме кон Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Хелада  кои сакале да се скријат во заливот. Пула се спомнува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри  изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Разглед на Пула со локален туристички водич.  Во вечерните часови враќање во Пореч. Ноќевање.

Петти: 23.10.2018 (вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во среда, на 24.октомври во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 219 евра (13.580 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Три ноќевања со појадок во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч
  • Локален туристички водич во Пореч, Грождањ, Мотовун, Бриони, Пула и Ровињ
  • Организација на патувањето и туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Факултативен излет до Грождањ и Мотовун35 евра

(автобуски превоз, локален шатл автобус до Мотовун, лов на тартуфи и дегустација во „Миро Тартуфи“)

  • Факултативен излет до Бриони и Пула – 35 евра

(автобуски превоз, бродски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана, влезница за островот Бриони со вклучен водич на хрватски јазик)

  • Доплата за еднокреветна соба – 40 евра
  • Патничко осигурување

За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

За ова патување важат општите услови за патување на СКТМ

 

 

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk