+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Белград

8ми Март

Програма

  • 1 ден  08.03.2019Скопје – Белград

Состанок на групата во 00:30 часот на паркингот пред хотел ‘Вип’, поаѓање во 01:00 часот и попатно превземање на патниците од Куманово. Патувањето води преку граничен премин Табановце со царински формалности и попатни планирани паузи. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Разглед на Белград со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Војниот музеј, Споменикот на победникот и Панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во реката Дунав. Сместување во хотел ‘Royal Inn 4* www.royalinn.rs  на идеална локација во срцето на градот. Слободно време за  одмор и индивидуални  активности во вечерните часови. Ноќевање.

 

  • 2 ден 09.03.2019 Белград

Појадок. После појадокот следува посета на шопинг центрите Delta City и Ушќе – слободно време за шопинг, ручек и индивидуални активности во истите. Во попладневните часови враќање во хотелот и време за индивидуални прошетки и активности  низ најпознатите улици во Белград –  Кнез Михајлова и Теразије кои изобилуваат со многубројни бутици, кафе барови, ресторани и сл. Вечерта факултативна вечера на Скадарлија со музика и забава. Ноќевање.

 

  • 3 ден 10.03.2019 Белград – Нови Сад – Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на црквата Св.Сава. Ден за прошетка низ Белград или можност за факултативен излет до Нови Сад. Нови Сад е центар на српската култура уште познат и по прекарот Српска Атина. Посета на Петроварадинската Тврдина, катедралата, плоштадот на Слободата, улицата ‘Јована Змаја’ со многубројни бутици и ресторани, прошетка низ стариот дел на градот. Слободно време за индивидуални активности и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Куманово и Скопје во доцните вечерни часови.

Цена по лице  :

99 евра (6.140 мкд)

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Сместување на база 2 ноќевање со појадок во хотел,,ROYAL INN” 4*
  • Разглед на Белград со локален туристички водич
  • Водство, организација и реализација на програмата со лиценциран придружник 

 

Во цената НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување ( задолжително )
  • Факултативна вечера во ресторан на Скадарлија  – 25 евра ( минимум 30 лица – пријавување при резервација на аранжманот)  
  • Туристичка такса 1.10 евра по лице дневно ( задолжително )
  • Факултативна посета на Нови Сад – 12 € ( минимум 35 лица – пријавување при резервација на аранжманот во агенција )
  • Влезници за културно-историските споменици

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на програмата потребен е минимален број од 40 патници, во спротивно агенцијата го задржува правото на измена на цената или аранжманот да го сторнира, со известување на патниците минимум 7 дена пред датата на поаѓање, со што агенцијата не сноси никаква одговорност..
    Агенцијата не е надлежна да ја цени исправноста на патните документи на патниците….

 

  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

 

  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

 

  • За ова патување важат Општите услови за патување на СКТМ во согласност со Законот затуристичка дејност и Законот за облигациони односи на Република Македонија. 
    Аранжманот може да претрпи промени во зависност од условите. 

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk