+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

EMILIGA ROMAGNA

8ми Март

Bologna, Rimini, San Marino, Parma, Padova

ЕМИЛИЈА РОМАЊА- нјабогатиот рeгион меѓу 20те Италијански региони, и една од најразвиените региони во Европа. Спој од две покраини ЕМИЛИЈА и РОМАЊА низ кои тече реката ПО. Најголемите градски центри на овој регион се Болоња, Парма, Ферара и др. Низ овој регион се наоѓа историската сообраќаница на Римската империја – Via Emilia, која има големо значање за развивање на овој регион. Со овие простори од 14 век управувале неколку моќни Италијански аристократски семејства , семејства од калибарот на Farneze, d’Este u Gonzaga…. Иако е позната по своите рецепти за паста, сирења, кашкавали, пршути и вина од врвен квалитет, овој регион се гордее и со најлуксузните индустриски брендови на ИТАЛИЈА, како што се “Ferari”, “Maserati”, “Bugati” I “Lamburgini” кои се произведуваат на ова тло

Програма

1 ден 06.03.2019 – Скопје – Болоња

Состанок на групата во 11:00ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Болоња во 11.30ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 07.03.2019 Болоња

Пристигнување во Болоња во пладневните часови и следи разглед на главниот град на регионот Емилија Ромања, Болоња која е позната по најстариот универзитет во Европа. Следи разглед на историскиот дел на градот: Споменикот на НЕПТУН, Базиликата Сан Петрино, Универзитот, Двете кули, Плоштад Маџоре… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

3 ден 08.03.2019 – Болоња- Парма – Карпи – Болоња.

Појадок. После појадокот можност за целодневна факултативна посета на Парма и Карпи. Прво ќе го посетиме градчето Карпи, кое е лоцирано 20км сверно од Модена. Градчето е бисер на ренесансата со преубавиот полштад МАРТИРИ кој е опкружен со колонади, замокот на фамилијата ПИО кој го изградиле во 16век, Градската библиотека и градската катедрала. Слободно време за уживање во малото градче. Во договорено време поаѓање за Парма. ПАРМА е втор град по големина и значајност во Емилија Ромања регионот, кој од втората половина на 18 век бил под влијание на Бурбоните, кои зад себе оставиле видлив траг: Архитектурата, социјалниот живот и др. . Парма има долга традиција во приозводство на храна, посебно за производство на ПАРМЕЗАН и ПАРМА ПРШУТ, воедно е и седиште на индустрискиот гигант ПАРМАЛАТ (Parmalat) најголемиот приозводител од ваков тип во Италија. Разглед на центарот на градот: Плоштад Грабибалди, Романската катедрала и крстилница од 11 век, Надбискупската палата… Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќeвање.

4 ден 09.03.2019  Болоња – Сан Марино – Римини – Болоња

Појадок. После појадокот заминувње на целодневна факултативна екскурзија Сан Марино и Римини. Попатна посета на една од многу бројните винарии во ЕМИЛИЈА РОМАЊА ( регион ) каде е предвидена дегустација на вино од локално производство. Пристигнување во Сан Марино, разглед на градот:  Базилика Св. Марина која датира од XIX век, Градско собрание, кулите на Сан Марино Гуита од XI век, Цеста од XIII век  и Монтале од XIV век. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови заминување за Римини, прошетка низ градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден 10.03.2019 Болоња – Падова – Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Падова. Пристигување во Падова и разглед на градот : Prato della Valle, Bazilika Sv. Antonina Padovska, Pallazo Delle Raggione, Piazza Ebre ….слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6 ден 11.03.2019 – Скопје

Пристигање во Скопје во попладневните часови .

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2019: 249€/15.440ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279/17.300ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Болоња ( околина)
  • Организиран разглед на Болоња со локален водич
  • Организиран разглед на Падова.
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

   * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Сан Марино и Римини (трансфер, локален водич) –  45€
  • Посета на Карпи и Парма (трансфер, локален водич) – 40€
  • Туристичка такса во хотел во Болоња (се плаќа на рецепција 1-5€ на ден)
  • Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

 

FALCON TRAVEL Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk