+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Будимпешта со Братислава

8ми Март

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА         

Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта (800km) во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2019  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 БУДИМПЕШТА – Братислава

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно) .*За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта можност за факултативна посета на ресторан Чарда (традиционален Унгарски ресторан со вклучено мени). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019  БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа , во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 10.03.2019  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 109€/ 6.760 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/8.000 ден.

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав – 15€
  • разглед на Будимпешта со локален водич – 10€
  • посета на традиционален ресторан Чарда – 30€ – мин. 25 лица за реализација
  • факултативна посета на Братислава со локален водич – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 25 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување – 5€
  • индивидуални трошоци

Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

FALCON TRAVEL Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk