ВИЕНА – Christmas Market

ПРОГРАМА:

1 ден 06.12.2018Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 07.12.2018 Виена

Пристигнување во Виена во попладневните часови и сместување во хотел (доколку се поминат границите без поголеми непланирани задржувања и времето дозволи, ќе се посети Outlet Shopping Center – Parndorf пред сместување во хотел). Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.12.2018 Шенбрун

Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена, и уживање на Божиќните пазари низ центарот на градот. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 09.12.2018 – Дунавска КулаСКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 10.12.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 10.11: 149€/9.240 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  159 €/ 9.850ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30€
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 10€
  • Патничко осигурување – 5€

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk