Hit Enter to search or Esc key to close

Фалкон Травел

Фалкон Травел е основан во 1999 година во Скопје и денес е
една од водечките тур оператори во Р.Македонија.
Лиценца А бр. 13-4492/2
Основачите се професионалци со долгогодишно искуство и чист
професионален кодекс. Агенцијата се занимава со комплетна
организација на индивидуални и групни аранжмани во земјата
и странство, продажба на авиобилети и превоз на патници.
Водечката позиција на пазарот ја обезбедивме определувајќи се за квалитет, сигурност и отворен пристап со патниците со помош на кои ги креиравме своите понуди.
Како сигурен партнер кон своите соработници во странство, гарантираме адекватен третман за вистински одмор на своите клиенти.
Денес во својата широка понуда Фалкон Травел ги нуди најубавите дестинации на Медитеранот: Халкидики, Тасос, Скијатос, Санторини, Крит, Турција, Шпанија, Италија како и егзотични аранжмани: Тајланд, Занзибар и Танзанија, Дубаи, Куба и уште многу други дестинации кој ги задоволуваат и најсофистицираните барања на светските патници.


Повеќе од 20 години искуство

Секако наша специјалност се и крстарења до најдалечните меридијани ширум светот. Меѓу атрактивните понуди се и голем број на престижни велнес и спа хотели како и најпознатите ски центри.

За нас

24/7 комуникација

Преку 20.000 задоволни патници секоја година се наша обврска да ја претвориме љубовта кон патувањето во најкавалитетни туристички аранжмани.