Andre Rieu

Day(s)

:

Hour(s)

:

Minute(s)

:

Second(s)

 
Andre Rieu се претставува во Загреб во најново ШОУ издание, заедно со неговиот оркестар “Johann Strauss” кој ќе ве воодушеви со гламурозниот перформанс. Маестрото ќе диригира и ќе музицира со светски најпознатата виолина на STRADIVARIUS со што ќе создаде колоритен концерт полн со изненадуања. Репертоарот се состои од романтични, емоционални балади па се до најраскошните и најпознатите валцери. Доживејте ја магијата на Andre Rieu, во една специјална и незаборавна вечер, и уверете се зошто Andre Reiu, е еден од најпознатите светски изведувачи во живо, последниве неколку години.

ЗАГРЕБ

1 ден 18.05.2018 Скопје – Загреб

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 18:30 ч. и поаѓање за Загреб во 19:00 ч. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 19.05.2018 Загреб – концерт- Концерт “Andre Rieu “

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание…. слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнвните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор.Организирано поаѓање кон Арена Загреб каде ќе имате можност да го проследите концертот на маестралниот Andre Rieu. По завршување на концертот враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 20.05.2018 Загреб- Плитвички езера- Скопје

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Предлагаме целодневна факултативна посета на Плитвички Езера. Национален парк во близина на патот Загреб-Далмација, прогласен уште во 1949 година, а под заштита на УНЕСКО влегува во 1979 како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро. За оние кои нема да заминат на факултативна посета, предлагаме прошетка низ Загреб(индивидуално) се до планираниот состанок на групата на договорено место и време во Загреб по што ќе следи поаѓање за Скопје.Ноќно возење со паузи за царински и гранични формалности.

 

4 ден 21.05.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    134/8.300ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел во Загреб со 3* на база на 1 НП (ноќевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за Концертот на “Andre Rieu” (превоз+влезинца) Арена Загреб / Сектор: Tрибина долу Б
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен факултативен излет НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЛИТВИЦЕ (превоз + влезница + водич) – 45€
  • Патничко осигурување – 5€

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

СОФИЈА

 

 

1 ден 17.06.2018 Скопје – Софија  – Скопје

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 05:30 ч. и поаѓање за Софија во 06:00. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Софија во пладневните часови. Слободно време во центарот на градот. Во договорено време и место организирано заминување кон Арена Армеец. Следење на концертот на ANDRE RIEU. По завршувањето на концертот, поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови следниот ден.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79€/4.900ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

Превоз со високо-туристички автобус

  • Влезница за Концертот на “Andre Rieu” (превоз+влезинца) Арена Армеец / Сектор: А горе, сектор Ц горе
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 180 денари

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk

FALCON Travel– Битола
Климент Охридски 1/1-1, Пелагонка 2, Битола, Македонија
тел: 389 47 251 660, 
тел: 389 47 251 661
моб:+389 78 240 872
info@falcon.com.mk