АЗУРЕН БРЕГ – НОВА ГОДИНА

1 ден 28.12.2018 СКОПЈЕМИЛАНО   

Состанок на групата во 10.00ч. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 29.12.2018 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време ( околу 2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Сместување во хотел. Одиме на организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот…. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден 30.12.2018 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата… Ноќевање.

4 ден 31.12.2018 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН – МОНТЕ КАРЛО

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница.

Вечерта предлагаме  дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.

5 ден 01.01.2019 МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето….Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 239/ 14.820 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259€/16.060 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Ница (околина) во хотел 2*/ 3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • разглед на Милано со локален водич
  • разглед на Ница и Монако
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување – 5€
  • Новогодишна посета на Монте Карло – 20€
  • Посета на Ез, Монако – 20€
  • Посета на Кан и Сент Тропез – 30€
  • Туристичка такса во Милано (3- 5€ по лице)
  • Туристичка такса во Ница (1,5€ по лице на ден)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6100 денари

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

 

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk