Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Будимпешта – Виена

Будимпешта – Виена

Blog thumbnail

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта
(800km) во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 07.03.2020 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич (факултативно):
плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан
и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални
активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови
(факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време.
Ноќевање.
3 ден 08.03.2020 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
Појадок. После појадокот, поаѓање за ВИЕНА (факултативно) .*За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го
поминуваат индивидуално. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно):
плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност,
градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец
Хофбург…. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта.
Вечерта можност за факултативна посета по повод 8ми Март ( денот на жената ) во ресторан Чарда
(традиционален Унгарски ресторан со вклучено мени). Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 09.03.2020 БУДИМПЕШТА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче
Сент Андреа , во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби,
кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа,
се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во
попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.
5 ден 10.03.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 109€/ 6.760 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139€/8.620 ден.

БУДИМПЕШТА / Виена

Во цената на аранжманот e вклучено:
 превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
 сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
 професионален туристички пратител за време на целото патување
 организација и реализација на аранжманот
 Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 крстарење со брод по Дунав – 15€
 разглед на Будимпешта со локален водич – 10€
 посета на традиционален ресторан Чарда – 35€ – мин. 25 лица за реализација
 факултативна посета на Виена со локален водич – 30€ – мин. 30 лица за реализација
 посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 25 лица за реализација
 патничко здравствено осигурување – 5€/310ден
 индивидуални трошоци
 Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари

НАПОМЕНИ:
 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
 Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
 Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
 Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ&СЕРВИС
 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
 Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел&Сервис

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *