„Ја има харизмата на Елвис” , „ Тој е еден од наголемите светски ѕвеѕди” , ова се само некои од критиките во весниците The Washington Post и New York Times за славниот холандски виолинист и диригент Andre Rieu. Тој е основач на мегaпопуларниот оркестар “JOHANN STRAUSS” .После низа на одржани концерти во Јужна Америка, Австралија и Западна Европа оваа година за прв пат ќе ја посети Хрватска.
Славниот виртуозот на виолина и диригент во својата богата кариера има продадено повеќе од 40 милијони албуми. Неговите настапи годишно ги имаат проследено над 600.000 обожаватели, а посебен е во тоа што има најголем приватен оркестар во светот.
Andre Rieu е светска атракција, а до сега има издадено 30 албуми кои завршиле како број 1 на светските листи.
Дека станува збор за музичар од светски калибар зборува и податокот за прикажувањето во живо на неговиот OPEN AIR концерт во Мастрихт, Холандија 2015 година, во 460 британски кина кои инкасирале над 1милијон фунти заработка со што овој уметник ги надминал концертите на “One Direction” и “Take that” а со тоа дефинитивно докажа дека тој навистина е една од наголемите ѕвезди на денешницава. Инаку ,Andre Rieu, е во среќен брак веќе 40 години. Има два сина и пет внуци а освен со фамилијата најмногу се гордее со својата 300 години стара STRADIVARIUS виолина.
Маестралниот холанѓанец и неговиот оркестар одлучија оваа година,светското шоу да го прикажат и во Хрватска а како тоа ќе изгледа ,ќе можете да видте во ЗАГРЕБСКАТА АРЕНА на 15 Јуни 2017 година заедно со ФАЛКОН ТРАВЕЛ кој ве поканува заеднички да го проследиме големиот настан и да уживаме во маестралното музицирање на големиот Andre Rieu.