+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Инсбрук и светот на SWAROVSKI Кристалите

(Езеро Атер – замок Амбрас – кнежество Лихтенштајн)

Тирол е еден од најубавите предели на Австрија… Го опкружуваат високите венци на Алпите, кои прават бајковита атмосфера, а барокните градови на Тирол се преполни со историја … Инсбрук е главен град на покраината Тирол, познат по својот исклучително убав историски центар , над кој се издигнуваат моќните и магични алпски масиви… На Алпите се наоѓаат бројни ски центри поради кои што Инсбрук двапати беше домаќин на Зимските Олимписки игри (’64, ’76). Магичнот свет на ” Swarovski” кристалите се наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад. Во внатрешноста се крие најголемата кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала. А понатаму по влезот во овој свет се е како во бајка… неверојатно и фасцинантно.

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – ИНСБРУК

Состанок на групата во 09:00ч. на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски. Денско и ноќно возење преку Србија и Словенија, со кратки попатни паузи за одмор и гранични  формалности.

2 ден 07.03.2019 ЕЗЕРО АТЕР / КАМЕР – ИНСБРУК 

Пристигнување на Езерото Атер (Attersee) во претпладневните часови. Посета на туристичкиот центар Камер, еден од најубавите градови на езерото. Во овој град престојувал сликарот Густав Климт, на кого  сега му е посветен Културниот центар (факултативна посета). Слободно време за прошетка по шеталиштето и уживање во атмосферата. Престој на езерото во времетреање од 2 часа. Продолжување на патувањето кон Инсбрук. По пристигнувањето, следи кратка обиколка на центарот со разгледување на: главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел во регионот на Тирол, во попладневните часови . Одмор. Ноќевање.

3 ден 08.03.201ВАДУЦ –  ИНСБРУК

Појадок. Полудневен факултативен излет до Кнежевството Лихтенштајн и главниот  град Вадуц (поаѓање во 08:30 часот / враќање околу 16:00 часот). По пристигнувањето во Вадуц, следи кратка прошетка по прекрасната пешачка зона која е декорирана со многу интересни споменици. Панорамски разглед на дворецот на кнежевството. Слободно време за индивидуални активности по препораки на вашиот водич (посета на Националниот музеј на Лихтенштајн, посета на ризницата на кнезовите од Лихтенштајн со кралските скапоцени камења, можноста за организирање посета на Кралската винарска визба…). Престој во Вадуц од вкупно 3 часа. Враќање во Инсбрук. Слободно време во центарот на градот … Поаѓање од центарот на градот кон хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 ИНСБРУК –АМБРАС –  ВАТЕНС / КРИСТАЛНИОТ СВЕТ НА SWAROVSKI – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел во 9:00 часот. Препорачуваме  факултативна посета на замокот Амбрас. Посета на еден од најголемите австриски замоци изградени во 16 век во ренесансен стил. Замокот бил резиденција на надвојводата. Посетата вклучува разглед на колекција на уметнички дела и куриозитети, како и прекрасната Шпанска сала, оружарницата со средновековно оружје и оклопи, градините… Во договорено време се упатуваме кон градот Ватенс (Wattens) и посета на Кристалниот свет на Сваровски. Неверојатен бајковит свет на кристалите со градини кои никого не го оставаат рамнодушен. Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.

Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот кој излегува од уста е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет…Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик. Во договорено време,  заминување за Македонија…Ноќното возење преку Словенија  и Србија…

5 ден 10.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните  часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 179€/11.100 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€/11.720 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведените релации
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Clubhotel (http://www.clubhotel-goetzens.com/), во регионот на Инсбрук;
  • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
  • Организациски и реализација на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезници за музеите и други туристички објекти;
  • Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети)
  • Кнежевство Лихтенштајн – ( превоз, влезна такса за Лихтенштајн и услуги на пратител) – 35 €
  • Замок Амбрас – ( превоз, влезница за замокот, услуги на локален водич на англиски јазик) – 20 €
  • Кристалниот свет на Swarovski – (превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратител) – 30 €
  • Индивидуални трошоци

• Патничко осигурување 5€ ден.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 12 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk