+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Истанбул

8ми Март

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

Состанок на групата спроти спртски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 07.03.2019 ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Враќање во хотел. . Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…  За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 10.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 99€/ 6.140 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119€/ 7.380 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

* Превоз со високотуристички автобус

на релација Скопје – Истанбул – Скопје

* Сместување во хотел 3*  / 2 НП

* Пратител на програмата

* Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

* Факултативни Излети:

* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 15 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра

* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

* Влезници за  музеите: 

Топ Капи – 15 евра

Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

Харемот во Топ Капи – 10 евра

* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра

* Патничко осигурување 5€ мкд.

* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 12 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk