Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Истанбул 2НП – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Истанбул 2НП – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Blog thumbnail

Градот на два континенти за 8миМарт 

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата спроти спртски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку
граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Предлагаме факултативно панорамско разгледување на градот со автобус и водич: Капали чаршија, Бејазит- најстариот
универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски
познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче
Сарајот.
Потоа заминуваме факултативно на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич:
тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски
познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган …
палатите од Турските ТВ серии… Сместување во хотел. Слободно попладне.
Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот
тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Во Ускудар ќе ја видиме познатата џамија на
Михримах Султан. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но
и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул. Тука се наоѓа и прекрасната палата на Султан Абдулазис. Место
каде се снимаат и многубројните турски серии. Можност да пробате рибни специјалитети. Се враќаме преку најголемиот
и најпознат мост преку Босфор. Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 ИСТАНБУЛ
Појадок. Заминуваме на организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата –
Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ
Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9
острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме
да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период.
Островот каде императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир.
Предлагаме ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се
плаќа на лице место).
Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални
танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата
црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме
Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и
Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од
каде градот бил снабдуван со вода. За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните
часови. Се патува преку Грција, денско и ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 10.03.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 79€/ 4.900 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99€/ 6.100 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
* Превоз со високотуристички автобус
на релација Скопје – Истанбул – Скопје
* Сместување во хотел 3* / 2 НП
* Пратител на програмата
* Организиран трансфер од Охрид,Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
* Факултативни Излети:
* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра
* Крстарење по Босфор – 20 евра
* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница за харемот- 35
евра
* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра
* Влезници за музеите:
Топ Капи – 15 евра
Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 20 евра
Харемот во Топ Капи – 10 евра
* Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра
* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –35 евра
* Патничко осигурување175 мкд.
* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

НАПОМЕНИ
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ&СЕРВИС
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел&Сервис

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

https://roms-download.com/emulators
download emulators
utorrent 2.2.1
scph1001