ИСТАНБУЛ СО ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

НОВА ГОДИНА 2019

1 ден 28.12.2018 – Скопје – Истанбул

Состанок на групата на паркингот пред спортски центар Борис Трaјковски во 15:30 и поаѓање за Истанбул во 16:00ч. Дневно и ноќно патување преку  Р.Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 29.12.2018 – Истанбул: Европа + Азија

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),  Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Кратка пауза на плоштадот Таксим а потоа ве водиме во најголемата султанска палата Долма Бахче Сарајот , кој ќе ве воодушеви со својата елеганција, отменост, богатство. Седиште на последните Султани и на Кемал Ататурк. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта ве водиме на факултативен излет на Азискиот дел на Истанбул. Се возиме по Мостот над Босфор кој ја спојува Европа со Азија. Мала пауза на Азиската страна на градот во местото Ускудар каде ќе ја видите џамијата на Михримах султан, а потоа одиме до местото Бејлербеји на Босфор, познат по многубројните рибни ресторани, луксузни вили, отоманската палата… Враќање во хотел. Ноќевање

3 ден 30.12.2018 – Византински и Султански Истанбул

Појадок. Излет кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Аја Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатсво и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. Слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта одиме во Ноќен клуб со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. .. Ноќевање.

4 ден 31.12.2018 – Истанбул

Појадок. Слободно предпладне. Факултативно заминуваме на прекрасно и возбудливо Крстарење по БОСФОР со брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палата. Крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган .. палатите од Турските ТВ серии…. После Крстарењето посета на познатиот Египетски пазар на зачини  и Цариградската Патријаршија. Слободно попладне. Вечерта факултативно Дочек на Нова година во  некој Ноќен клуб, брод на Босфор или на некој од плоштадите во Истанбул Ноќевање.

05 ден 01.01.2019 – Истанбул – Скопје

Појадок.Одјавување од хотелот. Слободно време за шопинг и прошетка низ Капали Чаршија. Околу пладне ве водиме во големиот шопинг центар ФОРУМ каде се наоѓа и огромниот Аквариум. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови .Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

6 ден. 02.01.2019 (вторник)  – Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 159/9.860 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169/10.480 ден.

 

Во цената на арнжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* на база 3 НП
  • Панорамско разгледување на градот со локален водич
  • Туристички пратител на програмата
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување (5€)
  • Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10 )
  • Крстарење по Босфор (20)
  • Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница и харемот: (35)
  • Дочек на Нова Година во Ноќен клуб: (  )
  • Дочек на Нова Година на брод по Босфор: ( )  
  • Влезници: Аја Софија: (15), Топ Капи (без Харем): (15) , Харемот во Топ Капи– (10)
  • Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
  • Доплата за еднокреветна соба 3.720 ден

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk