+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Кападокија

8ми Март

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е,  во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е  денес – уникат и чудо на природата.

Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”.

Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава магичен и мистичен  впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската…

Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ – КАПАДОКИЈА

Состанок на групта на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул…), со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 07.03.2019 СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ – КАПАДОКИЈA

Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро…  По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнувањее во пладневните часови.  Сместување во хотел. По кусиот

одмор предлагаме индивидуална прошетка и запознавање со центарот. Вечера.  Во вечерните часови Ве водиме на Турска вечер во автентичен ресторан со мени и шоу програма.  ( факултативно). Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА

Појадок.  По појадокот препорачуваме разглед на Кападокија ( Голема Тура),  Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на музејот на отворено, огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век а најзначајна од нив е црквата Св. Василиј…велелепни цркви вклесани во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год. Продолжуваме кон Кавусин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пасабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија. Враќање во хотел. Вечера. По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите ( факултативно) .Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 КАПАДОКИЈА- ЛЕТ СО БАЛОН –  ПОДЗЕМЕН ГРАД  ДЕРИНКУЈУ

Рано наутро при магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон ( факултативно), над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печката и  восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80 балони во лет. ( Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балаон ).

Враќање во хотел. Појадок. По појадокот одјавување од хотел.  Предлагаме посета на подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја… продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страно опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. Со пауза за освежување во традиционална чајџилница… Пауза за ручек во селото Белисирма… продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите… Полни со впечатоци, поаѓаме кон Анкара. По пристигнувањето сместување во хотел. Слободна вечер за одмор и индивидуални

прошетки. Ноќевање

5 ден 10.03.2019 АНКАРА

Појадок. Напуштање на хотелот. Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)… Мавзолејот на Ататурк основачот на современа Турција, Музејот на Анадолските цивилијации, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, Цитаделата… Слободно време за индивидуални активности. Во договор со водичот, состанок на групата и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 11.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ХОТЕЛ 4* – Аванос, Ургуп

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 169€ /10.480 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189€ /11.720 ден

ХОТЕЛ 4* – Ѓореме

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 179€ /11.100 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ /12.340 ден

CAVE ХОТЕЛ  – Ѓореме

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 189€ /11.720 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209€ /12.960 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • сместување во Анкара во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • сместување во Кападокија во хотел 4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
  • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување 5€,
  • Разглед на Анкара со локален водич (10 €)
  • Голема Тура Кападокија со влезници и вклучен ручек (без пијалок)(45€)
  • Турска вечер со шоу програма- (35€)
  • Танц на дервишите /церемонија – (25€)
  • Посета на подземен град Деринкују со влезници и ручек(45€)
  • Лет со балон – (150€) – резервација при уплата

 ( Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот)

Влезници за локалитети и цркви

  • Доплата за еднокреветна соба 3.600 ден

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

FALCON TRAVEL Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk