+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

КАПАДОКИЈА

Авионска програма за Божиќ / 3 ноќевања / 07 – 10.01.2019

…Веднаш по Бадник, на првиот Божиќен ден ве водиме во срцето на Христијанството – Кападокија.

ПРОГРАМА

1 ден: 07.01.2019  Скопје – Истанбул – Кајсери     

 Состанок на групата на аеродром Skopje International во 07:00 ч. Лет до Истанбул во 08:55, слетување во 12:25 локално. Летот за Кајсери е во 18:15 а слетувањето во 19:50 ч.локално време. Трансфер (во времетраење од околу 1 час) од аеродром до хотел. Сместување во хотел со 4*.  Вечера. Ноќевање.

2 ден: 08.01.2019  ЃОРЕМЕ-МУТАФАПАША             

 Појадок во хотел. Заминување на разглед на регионот Кападокија –  вулканска област во која геолошката формација започнала пред 10 милиони години. Прекрасната “земја на убави коњи” Katpatuka (според старото Персиско име) е неверојатна земја, волшебна и мистериозна. Кападокискиот регион е исто така познат и по своите уметности, вклучувајќи рачно изработени керамички производи, рачно ткаени теписи како и производство на високо квалитетни вина. Вториот Божиќен ден го посветуваме на прекрасните цркви во Ѓореме и Мустафапаша. Ѓореме е срцето на Кападокија. Музејот е познат по фреските што датираат од 9-ти и 10-ти век, опишувајќи го животот на Исус Христос и монасите. Посетата на овој музеј на отворено е од големо значење за секој Христијанин. Сите цркви тука се изградени во карпи и датираат од 10-ти, 11-ти и 12-ти век а најдобро сочувани фрески се во црквата на Св.Василиј Велики. Селото Мустафапаша пак е едно од најубавите села во регионот и е на 6 км јужно од Урѓуп. Неговото поранешно име било Синасос (Град на Сонцето), селото се состои од куќи градени од блокови од туф, сопственост на некогашните богати Османлии. Најважниот споменик на градот е црквата Св.Константин и Елена со фрески од 1895 година изработени од грчки уметник обучуван во Венеција. Следува организиран ручек  (пијалокот не е вклучен). Посета на продавница за грнчарство и посета на локална работилница за рачно ткаени теписи каде ке се види нивната изработка. Рзглед на Pasabagi т.е. Долината на Монасите, со невообичаената формација на троглава самовила, па посета на Деврент долината –  Долина на Имагинација со безброј природни камени формации налик на животни. Вечерта враќање во хотел. Вечера и ноќевање.

  1. ден 09.01.2019 ДЕРИНКУЈУ-ИХЛАРА

Појадок во хотелот. Заминување кон подземниот град Деринкују, еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, 55 метри длабок и 8 ката отворени за посетители. Потоа следува посета на долината Ихлара –  кањон долг 16 км чии две страни се  наредени со карпести цркви. Овој поход трае околу 2,5 километри со можност за кратка пауза за освежување во автентична кафетерија – чајџилница. Пауза за ручек (пијалокот не е вклучен) во селото Белисирма, покрај реката Melendis, можност за вкусување на свежа пастрмка на жар . По ручекот ќе го посетиме манастирот Селиме – најнеочекуваното изненадување на оваа тура, издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13-от век. Манастирот претставува една од најфасцинантните културни атракции за кој експертите велат дека требало 200 години време за да биде завршен т.е. издлабен во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија а црквата во самиот манастир има катедрални димензии. На патот назад кон хотелот ќе посетиме фабрика и продавница на полудраги камења каде имате единствена можност да купите накит со каменот “султанит“ (четири пати ја менува својата боја во зависност од јачината и видот на светлината). Ќе застанеме во Долината на гулабите со кратка пауза за разглед и фотографирање. Вечера и ноќевање.

  1. ден 10.01.2019 КАЈЗЕРИ-ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ

 Појадок и одјавување од собите. Слободно време за индивидуален разглед се до времето предвидено за трансфер (околу 12:30). Трансфер до аеродром. Полетување во 15:45 ч. локално време. Слетување во Истанбул во 17:35 ч. Пауза до следниот лет во 20:15. Слетување во Скопје во 19:45 ч.

Цена по лице 335 € (20.780 денари)

Во цената се вклучени следниве услуги

  • Авио билет на релација Скопје-Истанбул-Кајсери-Истанбул-Скопје
  • 3 ноќи во хотел со 4* во Ѓореме/Аванос на база појадок и вечера
  • 2 организирани ручеци за време на разгледите во Кападокија (еден во близина на Ѓореме а другиот во Белисирма, покрај реката Мелендис)
  • Багаж од 30 кг по лице како и рачен багаж до 8 кг
  • Трансфер од аеродром во Кајсери до хотел и назад
  • Професионален локален водич и претставник од агенција
  • Сите влезници во музеите и местата од интерес.

Во цената не се вклучени следниве услуги:
        –       аеродромски такси 162 € (10.050 денари)

  • Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)

индивидуални трошоци

НАПОМЕНА:

За сигурна реализација се потребни  минимум пријавени 20 патници.

Во случај на помал број патници цената на аранжманот подлежи на промена

. За резервација задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување.

ОПИС И ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
Турскa вечер (09.01.2019)
– во автентичен ресторан во карпа, со фолклорни танци, стомачни танци, турска музика и анимација, вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци и мезе (без вечера). Цена 30 €
Танцот на Дервишите или Сема (08.01.2019) – ова е религиозна церемонија инспирирана од познатиот турски мистик, мудрец и поет Селаледин Мухамед со прекар Мевлана и Руми (Мевлана – со значење “наш господар“ а Руми – со значење земјата Рум-Анадолија,). Мистичното патување Сема е асоцијација на совршенството, зрелоста и љубовта кон сите вери, раси и нации. Шоуто трае околу 45 минути и не вклучува никаква консумација на пијалок и храна (религиозни причини) Цена 25 €
Лет со балон над Кападокија – уникатно, незаборавно доживување, кулминација на целата екскурзија, ке го доживеете изгрејсонцето над Кападокија од 600-800 м.височина. Екскурзијата започнува со трансфер од хотелот до местото на полетување околу 06:00 часот, лесна утринска закуска со чај и кафе додека балоните се надувуваат, лет од еден час во корпи со средна големина а по слетувањето следува церемонија со шампањ. Секој патник добива персонализиран сертификат како личен сувенир. Реализацијата на оваа факултативна екскурзија се договара на лице место бидејки зависи од временските услови и брзината на ветровите, истата ке биде предложена уште следното утро од престојот. Цена 155
Турска бања, хамам или амам (08.01.2019 веднаш после програмата “танц на дервишот“ ) – еден од најраспространетите древни обичаи во светот. Оваа традиција отоманските Турци ја присвоиле од Римјаните и Византијците и ја усовршиле на свој начин. Топло ја препорачуваме оваа факултатива бидејќи ке ве опушти и релаксира после напорниот ден. Во Кападокија има традиционални и модерни амами а нашата понуда вклучува уникатно доживување во карпест амам, со сауна, парна бања, пилинг и пена масажа, и базен – уживањето трае приближно 60 минути.  Цена 40 €

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk