МИЛАНО НОВА ГОДИНА 2019

“СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА”

1 ден – 28.12.2018 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок со групата на паркингот пред спортска сала Борис Трајковски во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден – 29.12.2018 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови.  Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано…  Враќање  во хотел. Ноќевање

3 ден – 30.12.2018 ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со јавен превоз во договор во водичот). Ноќевање.

4 ден – 31.12.2018 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Vittorio Emanuele, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе… Враќање  во хотел. Припрема и дочек на Нова Година 2019 организирано со превоз на главниот плоштад… Ноќевање.

5 ден – 01.01.2019 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневнитe часови заминување за Скопјe. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден – 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11:  189/ 11.720 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€/12.340 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* – 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
  • Разглед на Милано со локален водич
  • Разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

           * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано 3-5 (се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Патничко осигурување –  5€
  • Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

За ова патување важат Општите Услови на Патување на Фалкон Травел и СКТМ

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk