Париз | Прага | Минхен

НОВА ГОДИНА 2019

 

28.12.2018 – Скопје – Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

29.12.2018 – Виена – Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

30.12.2018 – Прага – Париз

Појадок. Претпладне, панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

31.12.2018 – Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Препорачувме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .Ноќевање.

01.01.2019 – Париз – Версај

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

02.01.2019 – Лувр – Минхен

Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.     

03.01.2019 Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Ноќевање.       

04.01.2019 – Салзбург

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно

време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

05.01.2019 – Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.   

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 01.11: 289/ 17.920 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 309/ 19.160 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадната релација
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена, Минхен и Салзбург
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер во еден правец на 28 Дек, од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови,

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување – 5€
  • Крстарње по Влтава – 15€
  • Посета на пивница со вечера и шоу програма – 35€
  • Разглед на Париз со локален водич – 15
  • Версај (превоз, влезница, локален водич) – 45€ (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр (влезница) – 20€
  • Крстарење по Сена – 15€
  • Срцето на Париз – 10€
  • Билети за градски превоз во Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Фалкон Травел и СКТМ

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk