+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Портофино

8ми Март

Програма

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ

Состанок со групата во 11:30ч. на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски„ и поаѓање за Џенова, Италија во 12:00ч., преку Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор  и царински формалности.

2 ден 07.03.2019 ЏЕНОВА

Пристигнување во ЏЕНОВА во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно попладне за одмор од патувањето. Во вечерните часови можност за прошетка низ центарот на градот и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 ЏЕНОВА- ПОРТОФИНО -РАПАЛО-САНТА МАРГАРИТА

Појадок. После појадокот, следи целодневен факултативен излет на најживописниот залив TIGULIO, Liguria каде се сметени монденските места ПОРТОФИНО, Санта Маргарита и Рапало. Започнуваме со Санта Маргарита мало живописно градче, сместно на половина пат од Рапало до ПОРОТФИНО. Продолжуваме со брод кон најпознатото место на Лигурскиот брег ПОРТОФИНОколоритно крајбрежно градче кое во текот на средниот век  преставувало главно пристаниште на џеновјанската трговска флота. Низ историјата е посетено од многу славни личности, кралеви, научници, филмски и естрадни ѕвезди и едно од најлуксузните светски летувалишта познато уште од крајот на XIX век. Слободно време за индивидуална прошетка и уживање во шармот на Портофино. Во договорено време продолжуваме кон Рапало, познато по светилиштето на пресвета Богородица изградено на самиот врв на брдото кое се наоѓа на највисоката точка во местото. Тврдината на РАПАЛО која датира од XVI век е сместена на самото крајбрежје.  Слободно време до поаѓање за Џенова. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 Џенова МЕНТОН – Сан Ремо-Џенова

Појадок. После појадокот, факултативно заминување на целодневен излет во Ментон и Сан Ремо. Започнуваме со МЕНТОН. Монденски град на Француската ривиера кое уште се нарекува и „La Perle De la France“. Посета на МЕНТОН, стариот град со исклучителен медитерански шарм, марината и живописните плоштади. Слободно време за индивидуална прошетка. Го продолжувме патувањето кон Сан Ремо. Прошетка низ стариот дел на градот La PINJA. Слободно време за индивидуални активности во центарот на градот кај познатото КАЗИНО и преубавите шеталишта покрај море. Во договорено време поаѓање за Џенова. Враќање во хотел.  Ноќевање.

5 ден 10.03.2019 ЏЕНОВА – SERRAVILLE Outlet Village- СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и заминуваме на разглед на преубавата Џенова (главен град на областа ЛИГУРИА). Магичен град во кој се среќаваат медитеранот и трагите од историјата. Градот на Кристофер Колумбо и Гарибалди и родното место на виртуозот на виолина  ПАГАНИНИ. Град со раскошни палати, старо пристаниште со нови содржини, поморски музеј со најголемиот аквариум втор по големина во Европа, ботаничка градина, безброј продавници и луксузни ресторани, и град со неопислива живост на медитаранот… Слбодно време за индивидулна поршетка и уживање низ уличките на ЏЕНОВА. Во договорено време поаѓање за Serravalle Outlet centar, шопинг во познатиот Outlet village McArthur Glen. Во договрено време поаѓање за Македонија преку  Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи и пауза за пасошка и царинска контрола.

6 ден 11.03.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 249€/ 15.440 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 279/ 17.300 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Џенова ( или околина) 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен факутативен излет – ПОРТОФИНО ( Портофино , Санта Маргарита и Рапало) – 45€
  • Целодневен факуттивен излет – МЕНТОН ( Ментон, Сан Ремо и Крајбрежјето на цвеќето) – 45€  (за реализација – мин.пријавени 30 патници)
  • Разглед на Џенова со локален водич -15€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 5.580 денари

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 22 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk