Hit Enter to search or Esc key to close
Blog thumbnail

Прага – (Дрезден – К.вари – Виена)

Прага – (Дрезден – К.вари – Виена)

Blog thumbnail

1 ден 06.03.2020 СКОПЈЕ –ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30ч. Поаѓање на автобусот во 12:00 ч. Се
патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 07.03.2020 ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич:
Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези,
споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот
часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула,
Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални
прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2020 ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората
св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од
Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како
остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата
Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска
Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата
Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен
Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
4 ден 09.03.2020 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и
омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел, со можност за
останување во центарот на Прага на индивидуална база. Ноќевање.
5 ден 10.03.2020 ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена . Панорамски разглед на градот: плоштадот
Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата,
Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во попладневните часови.
Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 11.03.2020 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 139€/ 8.620 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€/ 9.860 ден

Во цената на аранжманот е вклучено:
 Превоз со високотуристички автобус
 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Прага (околина)
Прага – ( Дрезден – К.вари – Виена )

 Организација и водство на програмата
 Посета и разглед на Виена
 Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
 Организација на аранжманот
 Лиценциран туристички придружник
 Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
 Задолжително патничко осигурување 210 ден
 Разглед на Прага со локален водич (10€)
 Факултативен излет Карлови Вари (25€)
 Крстарење со брод по Влтава (15€)
 Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (35€)
 Целодневна посета на Дрезден (30€)
 Влезници за музеи и локалитети
 Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден

НАПОМЕНИ:
 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
 Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
 Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
 Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ФАЛКОН ТРАВЕЛ&СЕРВИС
 Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на
патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел & Сервис

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

odessa girl
ps2 bios zip
odessameetlove.com
download emulators
utorrent 2.2.1
scph1001