Скиjатос – информации

Скијатос е најкосмополитскиот остров во групата на Споради, оддалечен 2,5 часа од пристаништето Волос. Движењето на островот се заснова на одлично организиран и евтин автобуски превоз на секој петнаесетина минути, од раните утронски часови па се до доцните вечерни часови.
Главен град и единствено населено место на целиот остров е градот Скијатос. Тој е типичен островски град со шармантна архитектура со тесни улички, бројни ресторани, таверни како и монденско шеталиште со идиличен поглед кон полуостровот Bourtzi, кое е првото нешто кое ќе го видите на самиот остров. Е завиткан во борова шума од каде сиркаат остатоци од тврдини.
Пристаништето на Скијатос има идеален облик и место и било основен извор за живеење на островот како во старо време така и денес.
Скијатос има богата историја и наследство бидејќи бил освојуван од страна на различни непријатели низ вековите.
Изграден е амфитеатрално околу заливот во кој нема ветрови. Најпознатата улица Papa Diamantis како и околкните улички се полни со мали едноставни бели куќи воглавно двоспартни со мали веранди и дворчиња, изградени една до друга и секако со плави прозори и врати. Опкружен е во густа борова шума и се издвојува по традиционалната архитектура и богатиот ноќен живот. Густатата борова шума, долгите песочни плажи и кристално чистата вода на Егејското море како и исклучително богатиот и забавен ноќен живот го прават овој остров привлечен за посетителите.
Иако Скијатос е долг само 14 км познат е по големиот број на преубави плажи вкупно 65. Некои од најпознатите плажи се: Koukounaries, Banana beach, Lalaria, Troulos, Megali Ammos ….
На кратко може да се погледнат плажите на следниов линк https://youtu.be/592_yTc64m8

ПЛАЖИ

Lalaria се наоѓа во североистоичниот дел на островот и еднинствен начин да ја посетите е со бротче. Некои ја нарекуваат егзотичен рај и е една од најсликаните грчки плажи, поради фасцинантната природа и капија во карпа која е ремек дело на природата. Плажата е каменита и не е организирана со лежалки и чадори за сонце.
lalaria 
Achladiа Beach се наоѓа на 2км од градот Скијатос. До неа може да стигнете со јавен превоз, кола или бротче. Плажата е одлично уредена со многу таверни, кафе барови и можност за спортски водени активности.
Achladies-Beach
Koukounaries (борова шишарка) се наоѓа југозападно, пристапна со возило и автобус. Таа е најубавата плажа на медитреранот а се смета и е една од десетте најубави светски плажи . Долга е околу 2км а зад неа во облик на полумеселина се простира густа борова шума која го дели морето од слатководното езеро Strofilia. А овој природен резерват е под заштита на островските власти и ЕУ. Организирана комплетно со лежалки, чадори за сонце и барови на плажа.
koukounaries
Banana beach се наоѓа помеѓу плажите Koukounaries и Agia Eleni. Долга песочна плажа која нуди многу забава, барови на плажа, лежалки, чадори за сонце и многу често организирани дневни забави со DJ. Во позадина на плажата има борова жума и маслинови дрвца. Во близина се наоѓа помала плажа под име Micri Banana која воглавно ја посетуваат нудисти.
banana
Agia Eleni е изолирана плажа на западната обала на Скијатос на кратка одалеченост од автобуската постојка пред паркингот кај Koukounaries. Морето е плитко и бистро со оглед на тоа дека плажата е свртена кон запад нуди иомпресувен залез на сонцето.
agia-eleni
Megali Ammos (големиот песок) е прва во редот на плажи на самиот излез од градот Скијатос. Ова е една од седумтте плажи на островот кои се носители на плаво знаменце. До неа може да стигнете пешки и е организирана со лежалки и чадори за сонце.
megaliamos
Mandraki е полуострово на околу 45 минути пешки од Koukounaries со раскошно зеленило и густа шума на која се наоѓаат три прекрасни плажи: Xerxes, Elias, Agistri.
mandraki
Kechria се наоѓа северозапоадно на островот, до неа води земјен пат а може да ја посетите и со бротче. Пристапот до плажата е потежок но вреди да се посети. На плажата најчесто одат локални жители кои сакаат да ја избегнат туристичката врева. На плажата постојат тушеви кои користат слатка вода од изворите недалеку од плажата.
kechria
Xanemos се наоѓа на крајот на аеродромската писта на островот. Плажата е ветровита, песочна со ситни каменчиња. Не е една од најубавите плажи но е атрактивна поради нејзината местоположба до самата писта од каде туристите ги следат одблизу многубројните слетувања на авионите.
xanemos
Elia се наоѓа на западниот дел на Скијатос и е долга и песочна плажа, со многубројни лежалки и чадори за сонце. Погодна е за фамилии и деца.
elia
Troulos (купола) се наоѓа на југ на островот Скијатос. На оваа песочна плажа постојат таверни, лежалки и чадори за сонце.
troulos
Kalamaki се наоѓа на најјужната точка на островот Скијатос. Тешко пристапна и слабо организирана. Овој предел е населен со ексклузивни луксузни вили и апартмани. Морето е отворено и брановито.
kalamaki
Kolios е песочна плажа, се наоѓа во малите и колоритни заливи, заштитена од ветар и карактеристична за разлика од другите плажи на југоисточна страна по доцниот залез на сонцето.
kolios
Agia Paraskevi е голема песочна плажа на којашто се наоѓ истоимената дрвена црква во позадина а низ истоимената долина во текот на целата година тече река што му дава додатна свежина на овој регион.
agia-paraskevi
Megas Asselios е пространа и ветровита плажа со недопрена природа. На плажата има голема таверна со богат избор на локална храна и пијалоци, недалеку од неа постои и авто камп.
57944593

 

Актуелни Понуди

Грција Лето 2017

Касандра

Грција Лето 2017

Тасос

Грција Лето 2017

Ситониа

Грција Лето 2017

Скиатос

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија