+389 02 2455 559 info@falcon.com.mk

Соренто

8ми Март

Програма

1 ден  06.03.2019 СКОПЈЕ – Драч

Состанок со групата и поаѓање за Драч во 14:00 часот на паркингот кај хотел „ВИП“ (спроти Саем – Скопје). Преку граничниот премин Ќафасан пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од  Драч за Бари. Ноќна пловидба.

2 ден  07.03.2019 Бари-Неапол- Соренто

Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигање во Неапол. Разглед на историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто.Пристигање  и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден  08.03.2019 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ

Појадок. После појадокот следи  излет  со брод  до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина- Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на  Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време.Ноќевање.

4 ден  09.03.2019 Соренто – Помпеја – Везув- Соренто

Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од  античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот.По Помпеја се посетува вулканот  Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Вечера.Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).

5 ден  10.03.2019 Соренто – Бари – Драч – Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.

6 ден  11.03.2019 Драч – Скопје

Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Бари. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 299€/ 18.540 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Карта за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
  • Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 70 Еур по лице
  • 3 Ноќевање со појадок во хотел со 3*  во Соренто
  • Разгледи според програмата на : Соренто и  Неапол
  • Организација, реализација и придружник на патувањето
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
  • * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

     

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    • Влезници за  Помпеја и Везув – 65 Еур
    • Факултативна посет на Капри и Амалфи и Позитано – 115 Еур
    • Доплата за надворешна кабина со прозор и тоалет: 70 Еур по лице
    • Туристичка такса  (3-5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
    • Патничко осигурување – 5 Еур

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

FALCON Travel Скопје
Димитрие Чуповски 12 1000 Скопје, Македонија
тел: 389 2 24 5555 9,
тел: 389 2 24 5555 3,
моб: +389 71 34 14 10
info@falcon.com.mk