БЕЛГРАД за МЛАДИ

  ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈАТА Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа […]

 

ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈАТА

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.

Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

 

ПРОРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

1.Ден 30.12.2017. / Скопје – Белград:

Состанок на групата во 03:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови факултативно присуство во некоја од белградските клуб-кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот на забавата. Ноќевање.

2.Ден 31.12.2017. / Србија – Белград:

Можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт), по разгледот организирана дневна забава. Враќање во хотел или хостел. Подготовки за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата година во Белградските клубови.Ноќевање.

3.Ден 01.01.2018. / Белград – Србија – Скопје:

Напуштање на хотелот или хостелот. Враќање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечернните часови.

 

 

ЦЕНИ И СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 30.12.—01.01.
ХОСТЕЛ КАРАЏОРЏЕ 1/5 65
1/4 69
1/3 75
1/2 РАСПРОДАДЕНО
ХОСТЕЛ ЗМАЈ 1/6 59
1/5 65
1/4 69
1/3 75
ХОТЕЛ СРБИЈА 3* 1/3 СО ПОЈАДОК 89
1/2 СО ПОЈАДОК 99

 

Hostel Karadjordje

Hostel Karadjordje се наоѓа во Звездара, во близина на Булеварот Крал Александар. Одалечен е 4 км од центарот на Белград. Секоја соба има сопствено купатило.

Hostel Zmaj

Hostel Zmaj се наоѓа во самиот центар на Земун, на 5 км од центарот на Белград, а на 2 км од шопинг центарот Ушче. Хостелот располага со 1/6, 1/5, 1/4 и 1/3 соби.

Хотел Srbija 3* – http://hotelsrbija.com/sr/

Хотел Србија се наоѓа во населбата Шумице, на околу 6 км од центарот на Белград. Секоја соба има TV, купатило. Појадокот се служи на 18-от спрат од хотелот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Две ноќевања во хостел (без доручек) или две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

 

Напомена:

  • Falcon Travel Ви нуди неодолива можност која трае само оваа недела до 18.11. (сабота) доколку ти твоето друштво сте ТРОЈЦА или пак ЧЕТВОРИЦА еден од Вас патува ГРАТИС, односно го плаќа само превозот до саканата дестинација.
  • Доплата за превоз за Белград е 35 евра.

 

НАПОМЕНА:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цените од табелата се намалуваа за 10 евра.
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • За тргнување од Струмица, Гевгелија и Битолацените од табелата се зголемуваат за 7 евра. Организиран превоз од Струмица, Гевгелија и Битола ќе биде организиран во случај на доволен број на патници – минимум 30.
  • За тргнување од Штип, Прилеп и Неготино (бензинска пумпа Макпетрол)цените од табелата се зголемуваат за 5 евра. Организиран превоз од Штип, Прилеп и Неготино (бензинска пумпа Макпетрол) ќе биде организиран во случај на доволен број на патници – минимум 30.
  • Ве замолуваме пред да го потпишете договорот да се запознаете со програмата на патувањето, Општите услови на патувањето на Туристичка Агенција Фалкон Травел, како и со Општите услови на СКТМ.
  • Во сместувачките капаците се влегува во 14:00 часот (постои можност за порано влегување). Сместувањето од оваа понуда е проверен и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација од земјата во која се наоѓа сместувањето.

 

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија