ЕГИПЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ Hurgada – Luksor – Edfu – Kom ombo – Aswan

ЕГИПЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ Разликата не е само во цената ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ (од Белград) 1 ден – Белград-Хургада Состанок на аеродром НИКОЛА ТЕСЛА во Белград кај шалтерот на агенцијата два часа пред лет на авион. Планирано време на поаѓање на авионот е 06:30h (SM 388) до Хургада. Трансфер со климатизиран автобус или мнини […]

ЕГИПЕТ – КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

Разликата не е само во цената

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ (од Белград)

1 ден – Белград-Хургада

Состанок на аеродром НИКОЛА ТЕСЛА во Белград кај шалтерот на агенцијата два часа пред лет на авион. Планирано време на поаѓање на авионот е 06:30h (SM 388) до Хургада. Трансфер со климатизиран автобус или мнини автобус до избраниот хотел. Сместување во хотелот. Првата услуга зависи од услуга што ја нуди соодветениот хотел што сте го избрале – ручек или вечера. Ноќевање.

2 ден – Хургада – Луксор

Напуштање на хотелот и поаѓање на групата за Луксор. Трансфер со климатизирани автобуси. Посета на западната обала на Нил и Луксор (Долината на кралевите, храмот на Хатшешсу, Мемновите колоси). После ручекот следи посета на источната страна на Луксор и посета на храмот на Карнак, најголемиот храм на светот. Сместување на групата на брод со 5*. Вечера и ноќевање.

3 ден – Луксор – Едфу

Доручек на брод. Посета на источната страна на Луксор и посета на храмот Луксор. Ручек на бродот, потоа пловиме кон Есна (брана на Нил) и потоа кон Едфу. Вечера и ноќевање.

4 ден – Едфу – Ком Омбо

Доручек на бродот. Утринска посета на храмот Едфу, кој е посветен на богот Хорс. Ручек за време на пловидба до Ком Омбо, каде се посетува храмот Собек. Вечера и ноќевање.

5 ден – Ком Омбо – Асуан

Доручек на бродот. Продлжување на пловидбата кон Асуан. Предпладневна посета на недоврчениот Обелиск, големата брана на Асуан и храмот Филае. Ручек. Попладневна посета на Ботаничката градина и возење со фелука по Нил со панорамснки разглед на островот Елефантин и гробницата на Ага Кхан. Вечера и ноќевање.

6 ден – Асуан – Хургада

Доручек. Одјавување и напуштање на бродот. Можност за факултативен излет до Абу Симбел со автобус или авион. Трансфер со климатизиран автобус до Хургада. Сместување во хотелот и ноќевање.

7 ден – Хургада

Престој во избраниот хотел согласно наведената услуга. Слободно време за одмор. Напуштање на хотелот во наведнео време согласно инструкциите на претставникот на агенцијата. Трансфер до аеродром во доцните вечерни часови.       

8 дена – Хургада – Белград

Полетување на авионот (SM387) за Белград во 02:00h. Оброк во авион. Пристигнување на аеродром во белград е предвидено во 05:30h.  Крај ан програмата.

 

 

 

Хотел Тип на соба 19.11 – 26.11 | 10.12 – 17.12

21.01 – 28.01 | 11.02 – 18.02

04.03 – 11.03 | 01.04 – 08.04

29.04 – 06.05

8дена/6ноќи

Samra Bay Resort 4* AI

или Sea Gull resort

Brod 5* FB

DBL / TPL 479 €
SGL 625 €
I дете 2 – 6 289 €
I дете 6 – 12 339 €
Hilton Resort 5* AI

или Sonesta Pharaoh 5* AI

Brod 5* FB

DBL / TPL 505 €
SGL 645 €
I дете 2 – 6 289 €
I дете 6 – 12 339 €
Marriott Hurgada Resort 5* AI

или Continental Hurgada Resort 5* AI

Brod 5* FB

DBL / TPL 549 €
SGL 719 €
I дете 2 – 6 289 €
I дете 6 – 12 339 €

 

 

DBL – двокреветна соба/ SGL –  еднокреветна соба/ TPL –  трокреветна соба/ FB – полн пансион (доручек, ручек, вечера)/ AI – all inclusive (се вклучено по програма на хотелот)

 

ОПИС НА БРОДОТ: –  Категориа 5* lux/ Вкупен број на кабини: 72

I спрат – ресторан и 8 кабини, II спрат – рецепција, фоаје и 8 кабини, III спрат – винарија и бар (со сирење), продавници, читална, билијард, 26 кабини, 2 апартмани, IV спрат – 2 продавници, фитнес центар, клиника, 28 кабини, Палуба – базен, бар и столен тенис.

Кабини: внатрешен телефонски систем, сателитска ТВ, централен видео систем, централна клима, централна клима со индивидуално подесување на температура, купатило со туш и фен, мини-бар, сеф. Собите се многу пространи така да може по потреба во нив да се достави трето легло.

Ресторан: капацитетот на ресторан е 160 столици, односно гости. Шведска маса со дополнително мени зависно од програма. Чај се служи на палуба за време на пловидба. Оброците можат да се изменат без претходно известување.

Забава: Фолклорна програма, трбучни танчарки, ноќна дискотека во фоаје.

Важни информации: звучен систен на целиот брод, сервис за перење на облека и послуга во соба 24 часа, Crystal интернационална програма за безбедност на храна и хигиена (победник во CSFGA. 2004), UV филтрирана и сертифицирана вода. Плаќањето се врши во готово, со картици или по фактура директно во агенција. 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

2 ноќевања во стандардни двокреветни соби во избраниот хотел во Хургада на база на наведената услуга

4 ноќи на брод 5* на база на наведената услуга

Авионски превоз Белград-Хургада-Белград со компанијата AIR CAIRO (Airbus 320)

Багаж: 20 kg по лице.

Сите локални трансфери по програма со климатизирани автобуси или мини буси

Услуга од водич на српски јазик

Сите влезници за посети на знаменитости по програма

Трошоци за организација и реализација на патувањето

Деца постари од две години кои по хотелските правила престојуваат бесплатно, плаќаат само авионска карта и трансфери во Хургада, како и аеродромски такси, имаат свое седиште во авион и користат заедничко легло во хотелксите соби со две возрасни лица

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

Сите аеродромски такси 40 € и YQ такса износ 25 € (вкупно 65 €). Висината на доплатите за гориво ( YQ такса) зависи од актуелната цена на горивото пред реализацијата на летот. Истата е подложна на промени.

Задолжителни бакшиши за целиот престој (20 € ADL / 10 € CHD ) се плаќаат кај водичот на бродот.

Доплата за соба со поглед на море, фамилијарна соба…

Патничко осигурување- не е задолжително но е препорачливо да го имате.

Факултативни излети кои се организираат од страна на нашиот партнер.

Египетска виза – 25 US$ по пасош се доива на аеродром во Хургада пред пасошка контрола.

Деца до 2 години плаѓаат само Египетска аеродромска такса 50 €, немаат свое седиште во авион и автобус како и кревет во хотелите, а имаат храна во хотелот.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

–               Цените се изразени во евра. Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 еур = 62 мкд.

–               Во случај на промена на пазарот на добра и услуги организаторот на патувањето го задржува правото да ја корегира цената на неплатениот дел од аранжманот.

–               Плаќањето се врши во кеш директно во агенцијата, со картица или по фактура со уплата на сметка на агенцијата и тоа:

* 50% при резервација, а остатокот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.

–               Доколку аранжманот е со рана резервација или last minute понуда можно е да подлежи на различен начин на плаѓање.

 

ОСИГУРУВАЊЕ

– Патичкото осигурување не е задолжително, но е препорачливо и за истото патникот е должен да се информира за условите кои ги нуди продавачот.

 

НАПОМЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕТО:

–  Потврда на резервација од хотелите или други сместувачки капацитети се добива за 48 часа по уплата на аконтација (за денови не се сметаат сабота и недела). Во случај на не добивање на потврда, патникот има право на рефиндација на целосниот износ на уплатениот аванс или на промена на сместувачкиот објект.

– во најголем број од хотелите влез во собата е по 14:00 h, а истите се напуштаат најдоцна до 10:00 h. Доколку гостите сакаат да ја задржат собата подолго, задолжително е да се најават на рецепција, како и да се плати за дополнителните услуги директно на рецепција. Сите патници не сакаат дополнителни услуги, обезбедена е псоебна просторија во која може да се остави багажот до поаѓањето.

– Патниците не може да бараат смалување на цената поради евентуален оброк кој не можат да го искористат во случај на ран утрински трансфер или доцен вечерен лер, како и изоставување на оброк поради излет, но истиот може да се замени со пакет за носење.

 

– распоредот во собите го врши исклучиво рецепцијата во хотелот. Сите вачи дополнителни барања ќе бидат проследени во хотелот, но за истите не може да гарантираме дека ќе се реализираат. Гарантирана е само услугата која е наплатена.

– Трет или четврт кревет во најголем број од објектите е на расклопување, дрвена или метална конструкција или фотеља на расклопување, и истите значително можат да влијаат на просторот во собата.

– Ознаката на категоријата на хотелите во програмата е утврдена и важечка на денот на склучување на договорот помеѓу организаторот на патувањето и партнерот, евентуални дополнителни промени кои на агенцијата не и се познати неможат да се земат во предвид како релевантни. Описот на дестинацијата и сместувањето е достапен во агенцијата или на веб страната на истата.

– Описот на сместувачките капацитети се од информативен карактер. За евентуални одстапувања и квалитетот на услугата во оквир на сместувачкиот капацитет, организаторот на патувањето не сноси одговорност бидејќи истото зависи исклучиво од сместувачкиот капацитет.

–  Постои можност да некои од содржините на хотелите во моментот на престојот да не се во функција од објективни причини и за тоа агенцијата не сноси никаква одговорност.

– Во хотелите каде услугата за изхрана е шведска маса (самопослужување), постои можност доколку хотелот нема доволен број на гости послужувањето да се одвива на основ на мени, што не се смета за промена во аранжманот. Строго се забранува внесување на храна и пијалоци во хотелскиот објект од надвор.

 

ВИЗИ/ПАТНИ ИСПРАВИ

– Патниците кои не се државјани на Република Македонија и Србија задолжително да се инвормираат за визниот режим за земјата во која патуваат или за земјите низ кои транзитираат и сами благовремено да ги обезбедат потребните документи доколку е потребно.

– Малолетни деца кои батуваат без родителите или со еден родител потребно е да имаат согласност од двајцата родители за преминување на границата со друго лице кое е полнолетно. Согласноста се издава во овластени институции на самата држава.

– Во случај на не одобрување на визата од страна на емиграционото одделение, агенцијата не сноси одговорност за недобивање на истата а износот за трошоците за визирање е не фефундабилен. Во случај на веќе одобрена и издадена виза за одредена земја се откажат од патувањето, трошокот за виза исто така не се рефундира, а остатокот е подложен на пенали според општите услови на патување.

– патната исправа/ пасош мора да е валидна минимум 6 месеци од денот на завршување на аранжманот. Во спротивно може да дојде до проблем на границата при влез во земјата, а за истото агенцијата не сноси никаква одговорност.

 

ПРЕВОЗ СО АВИОН:

– Времето на полетување и слетување го одредува авио компанијата со дати и време по локалната земја.

– Агенцијата не е во можност да гарантира за времето на поаѓање по кое редовните летови или чартерите ќе бидат реализирани.

– На чартер летовите не постојат класи на седишта, така да не е возможно претходна резервација на одредено седиште во авионот туку распоредот се прави на аеродромот при чекирање.

– Према меѓународните стандарди, во случај на доцнење на летовите, аво компанијата ја превзема одговорноста за патниците.

– Багаж: кај патувањата со авион, патниците можат да понесат максимум 20 kg багаж. Во случај на поголема количина на багаж организаторот на патувањето не сноси одговорност доколку авио компанијата наплати дополнителен трошок за дополнителен багаж. Во рачниот багаж не е дозволени да се носат ножици, маникир сетови и други остри предмети, течности над 100мл, спрееви и други пакувања кои се под притисок. Доколку багажот е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромор веднаш да го известите агентот на авио компанијата или одделот за изгубено-најдено. За исплата на обештетување за изгубен багаж или оштетен багаж, надлежна е само авио компанијата.

 

ЦЕНИ И НАПОМЕНИ ЗА ДЕЦА:

– Цените за деца важат само во придружба на две полноплатежни суми.

– Дете до 2 години најчесто патува бесплатно и немаат седиште во авион или автобус, исхрана ниту кревет во хотел или друг сместувачки капацитет.

– Дете кое е бесплатно во хотел или друг сместувачки капацитет, плаќа само авионска карта и има седиште во авион или автобус, оброци и останати услуги освен кревет во сместувачки капацитет.

– Дете кое остварува одреден попуст ги има сите услуги од програмата, освен што наместо стандарден кревет има помошно легло.

– При пријавување на имињата на патниците за аранжманот, задолжително е да се наведат и датумите на раѓање на детето кое се најавува во хотел. Хотелот го задржува правото да на лице место наплати дополнителни трошоци доколку податоците кои се дадени не се валидни.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

– факултативните излети се излети кои се во организација на локална туристичка агенција и истите не се задолжителни освен ако поинаку не е наведено по програма и истите не се вклучени во цената со програмата. Пријавувањето за незадолжителните излети се врши на лице место ( доколку поинаку не е наведено) без одговорност на организаторот на патувањето или представникот од агенцијата во поглед на квалитетот и поволностите на цените.

– Термините а факултативните излети се променливи во зависност од слободните места по локалитетите, бројот на пријавени патници и од останати објективни причини.

 

ПРЕТСТАВНИК ОД АГЕНЦИЈА:

– Претставникот е задолжен за пречек при пристигнување и испраќање при заминување на гостите према распоредот на патници претходно доставен, можност за факултативни излети или евентуална помош (услугата од претставник/водич од агенција не подразбира целодневно или секојдневно присуство).

– Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците да го известат претставникот на првиот инфо состанок или телефонски, веднаш чим се појави проблем. Напоменуваме дека рекламирање за кое агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или по враќањето на патниците не се зема во предвид.

– Во случај на било каквов инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода,…) треба да се обратите до надлежните органи на домашната земја. Организаторот на патувањето единствено може да ви помогне во посредувањето (наоќање контакт/воспоставување врска) помеѓу вас и надлежниот орган.

– Известување за локалниот претставник, број за итни телефонски случаеви во склад со законот се добива еден ден пред почетокот на патувањето.

 

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ:

– Авионкси карти, визи, ваучери и останата документација за патувањето се довива: директно на аеродромот, 2 часа пред лет во закажаното време од страна н аеродромскиот претставник, на шалтерот на агенцијата посочен од страна на агенцијата, по електронски пат, лично во агенцијата.

– Планирајте го времето за пат до местото на поаѓање бидејќи задоцнување (сообраќајна незгода, гужва, работа на пат…) агенцијата нема да сноси одговорност доколку патникот не стигне на време на аеродромот и на време не се пријави на ллет или на местото на состанот на групата. За тие патници се применува правилото за откажан аранжман и се третира според општите услови на патување, како да се откажале од аранжманот на денот на поаќање.

– Организаторот на патувањето не е овластен да ја процени валидноста на патните и другите исправи.

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето!!!

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија