КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ Hurgada – Luxor – Aswan – Kairo – Hurgada

Програма на патување(од Белград) :   1.ден – Белград-Хургада Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла’’ во Белград на шалтерот на агенцијата, два часа пред летот. Предвидено време за поаѓање е 06:30h (лет SM 388) до Хургада. Трансфер со климатизирани автобуси или мини буси до избраниот хотел. Сместувањ во хотелот. Прва услуга во зависносто од […]

Програма на патување(од Белград) :

 

1.денБелград-Хургада

Состанок на групата на аеродромот „Никола Тесла’’ во Белград на шалтерот на агенцијата, два часа пред летот. Предвидено време за поаѓање е 06:30h (лет SM 388) до Хургада. Трансфер со климатизирани автобуси или мини буси до избраниот хотел. Сместувањ во хотелот. Прва услуга во зависносто од избраната услуга е ручек или вечера. ноќевање.

2.денХургада – Луксор

Напуштање на хотелот и поаѓање со групата за Луксор. Трансфер со климатизирани автобуси. Посета на западната обала на Нил во Луксор (Долината на кралевите, Храмот на Хатчепсут, Мемновите колоси…). По ручекот следи посета на истолната страна на Луксор и обиколка на Карнак, најголемиот храм во светот. Сместување на групата на брод со 5*. Вечера. Ноќевање.

3.ден –  Луксор – Едфу

Појадок на бродот. Посета на истолната страна на Луксор и обиколка на храмот Луксор. Ручек на бродот, потоа пловидба кон Есна ( браната на Нил), а потоа до Едфу. Вечера. Ноќевање.

4.ден –  Едфу – Ком Омбо

Појадок на бродот. Утринска посета на храмот Едфу, кој е посветен на богот Хоруда. Ручек со продолжување на пловидбата до Ком Омба, каде се посетува храмот Собек, кој е посветен на боговите Сета и Коруса. Вечера. Ноќевање.

5.денКом Омбо – Асуан

Појадок на бродот. Продолжување на пловидбата до Асуан. Претпладневна посета на Недовршениот Обелиск, големата Асуанска брана и храмот Филеа. Ручек. Попладневна посета на Ботаничката градина и возење по Нил со панормакси разглед на островите Елефантин и гробницата Agha Khan. Вечера. Ноќевање.

6.ден – Асуан-Каиро

Појадок. Одјава од бродот. Можност за факултативен излет до Абу Симбел со автобус или авион. Во вечерните часови поаѓање со воз (Orient Express) за Каиро. Смесување во вагон за спиење. Вечера во возот. Ноќевање.

7.денКаиро

Појадок во возот. Поаѓање за Каиро. Трансфер со климатизирани автобуси до Египетскиот национален музеј и обиколка на истокот. Ручек. Посета на платото Гиза и обиколка на пирамирата и Свингите. По обиколката, трансфер до хотелот со  4* во Каиро. Пријавување во хотелот. Ноќевање.

8.денКаиро

Појадок. Слободно време. Можност за организација на факултативни излети до Александрија (комплексот Монтаза, римскиот театар, библиотекатам тврдината Каир Беи…) или излет до Мемфис-Саххара (обиколка до старата престолнина на Египет и нејзините некрополи). Ноќевање.

9.денКаироХургада

Појадок. Слободно време до попладневното заминување за Хургада. Можност за организација на факултативен излет до стариот Каиро ( Коптскиот и Исламскиот кварт, џамијата Amr ibn al-As, Висечката црква, снагогата Ben Ezra, тврдината Саладинов и џамијата Muhamed Ali). Трансфер за Хургада со климатизирани автобуси. Поаѓање за Хургада, сместување во избраниот хотел. Вечера. Ноќевање.

9.– 14.денХургада

Престој во хотелите према избраната услуга. Слободно време за одмор. Напуштање на хотелот во наведеното време према инструкциите од представникот. Трансфер до аеродромор во доцните вечерни часови.

15.денХургадаБелград

Полетување на авионот (лет SM387) за Белград во 02:00h. Оброк во авион. Пристигнување на аеродромот во Белград- предвидено време 05:30h. Крај на програмата.

ХОТЕЛ СМЕСТИВАЊЕ 19.11 – 03.12 | 10.12 – 24.12

21.01 – 04.02 | 11.02 – 25.02

04.03 – 18.03 | 01.04 – 15.04

29.04 – 13.05

15 ДЕНА/13 НОЌИ

Samra Bay Resort 4* AI

или Sea Gull resort

Brod 5* FB

DBL / TPL 735 €
SGL 969 €
I дете 2 – 6 409 €
I дете 6 – 12 459 €
Hilton Resort 5* AI

или Sonesta Pharaoh 5* AI

Brod 5* FB

DBL / TPL 779 €
SGL 1059 €
I дете 2 – 6 409 €
I дете 6 – 12 459 €
Marriott Hurgada Resort 5* AI

или Continental Hurgada Resort 5* AI

Brod 5* FB

DBL / TPL 899 €
SGL 1259 €
I дете 2 – 6 409 €
I дете 6 – 12 459 €

 

DBL – двокреветна соба                                                                                                                   SGL – еднокреветна соба

FB – полн пансион (појадок, ручек и вечера)                                                                             AI – all inclusive (се вклучено по правилата на хотелот)

 

 

Опис на бродот:

 

BROD –  Категорија 5* lux

  • Вкупен број на кабини: 72

I спрат – ресторан и 8 кабини,

II спрат – рецепција, фоаје и 8 кабини,

III спрат – винарија и сирење бар, продавници, читални, биљард, 26 кабини, 2 апартмана

IV спрат – 2 продавници, фитнес центар, клиника, 28 кабини,

Палуба – базен, бар и пинг понг.

Кабини: внатрешен телефонски систем, сат. ТВ, централен видео систем, централна клима со индивидуално подесување на климата, купатило со туш и фен, мини бар, сеф. Собите се пространи така што може да се вметне трет кревет по потреба.

Ресторан: капацитет на ресторанот е околу 160 места. Шведска маса со дополнително мени, зависно од програмата. Чајот се послужува на палубата при пловење. Оброците можат да се променат без претходно известување.

Забава: фолклорна програма, стомачен танц, ноќна дискотека во фоајето.

Важни информации: звучен систен на целиот брод, сервис за перење на облека и послуга во соба 24 часа, Crystal интернационална програма за безбедност на храна и хигиена (победник во CSFGA. 2004), UV филтрирана и сертифицирана вода. Плаќањето се врши во готово, со картици или по фактура директно во агенција.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

–          6 ноќевања во стандардна соба во избраниот хотел во Хургада на база на наведената услуга

–          4 ноќевања на бродот со 5* на база на наведената услуга

–          1 ноќевање во вагон за спиење во возот

–          2 ноќевања со појадок во Каиро во хотел со 4*

–          Авионски превоз на релација Белград – Хургада – Белград со авио компанијата AIR CAIRO ( Airbus 320)

–          Багаж: 20 kg по лице.

–          Сите локални трансфери по програма со климатизирани автобуси или мини буси

–          Услуга од водич на српски јазик

–          Сите влезници за посети на знаменитости по програма

–          Трошоци за организација и реализација на патувањето

–          Деца постари од две години кои по хотелските правила престојуваат бесплатно, плаќаат само авионска карта и трансфери во Хургада, како и аеродромски такси, имаат свое седиште во авион и користат заедничко легло во хотелксите соби со две возрасни лица.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

–          Сите аеродромски такси 40 € и YQ такса износ 25 € (вкупно 65 €). Висината на доплатите за гориво ( YQ такса) зависи од актуелната цена на горивото пред реализацијата на летот. Истата е подложна на промени.

–          Задолжителни бакшиши за целиот престој (20 € ADL / 10 € CHD ) се плаќаат кај водичот на бродот.

–          Доплата за соба со поглед на море, фамилијарна соба…

–          Патничко осигурување- не е задолжително но е препорачливо да го имате.

–          Факултативни излети кои се организираат од страна на нашиот партнер.

–          Египетска виза – 25 US$ по пасош се доива на аеродром во Хургада пред пасошка контрола.

–          Деца до 2 години плаѓаат само Египетска аеродромска такса 50 €, немаат свое седиште во авион и автобус како и кревет во хотелите, а имаат храна во хотелот.

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ И НАПОМЕНИ

  • Цените се изразени во евра. Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 1 еур = 62 мкд.
  • Во случај на промена на пазарот на добра и услуги организаторот на патувањето го задржува правото да ја корегира цената на неплатениот дел од аранжманот.

 

  • Плаќањето се врши во кеш директно во агенцијата, со картица или по фактура со уплата на сметка на агенцијата и тоа:
  • 50% при резервација, а остатокот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Доколку аранжманот е со рана резервација или last minute понуда можно е да подлежи на различен начин на плаѓање.

 

ОСИГУРУВАЊЕ:

– Патичкото осигурување не е задолжително, но е препорачливо и за истото патникот е должен да се информира за условите кои ги нуди продавачот.

 

НАПОМЕНИ ЗА СМЕСТУВАЊЕТО:

–  Потврда на резервација од хотелите или други сместувачки капацитети се добива за 48 часа по уплата на аконтација (за денови не се сметаат сабота и недела). Во случај на не добивање на потврда, патникот има право на рефиндација на целосниот износ на уплатениот аванс или на промена на сместувачкиот објект.

– во најголем број од хотелите влез во собата е по 14:00 h, а истите се напуштаат најдоцна до 10:00 h. Доколку гостите сакаат да ја задржат собата подолго, задолжително е да се најават на рецепција, како и да се плати за дополнителните услуги директно на рецепција. Сите патници не сакаат дополнителни услуги, обезбедена е псоебна просторија во која може да се остави багажот до поаѓањето.

– Патниците не може да бараат смалување на цената поради евентуален оброк кој не можат да го искористат во случај на ран утрински трансфер или доцен вечерен лер, како и изоставување на оброк поради излет, но истиот може да се замени со пакет за носење.

– распоредот во собите го врши исклучиво рецепцијата во хотелот. Сите вачи дополнителни барања ќе бидат проследени во хотелот, но за истите не може да гарантираме дека ќе се реализираат. Гарантирана е само услугата која е наплатена.

– Трет или четврт кревет во најголем број од објектите е на расклопување, дрвена или метална конструкција или фотеља на расклопување, и истите значително можат да влијаат на просторот во собата.

– Ознаката на категоријата на хотелите во програмата е утврдена и важечка на денот на склучување на договорот помеѓу организаторот на патувањето и партнерот, евентуални дополнителни промени кои на агенцијата не и се познати неможат да се земат во предвид како релевантни. Описот на дестинацијата и сместувањето е достапен во агенцијата или на веб страната на истата.

– Описот на сместувачките капацитети се од информативен карактер. За евентуални одстапувања и квалитетот на услугата во оквир на сместувачкиот капацитет, организаторот на патувањето не сноси одговорност бидејќи истото зависи исклучиво од сместувачкиот капацитет.

–  Постои можност да некои од содржините на хотелите во моментот на престојот да не се во функција од објективни причини и за тоа агенцијата не сноси никаква одговорност.

– Во хотелите каде услугата за изхрана е шведска маса (самопослужување), постои можност доколку хотелот нема доволен број на гости послужувањето да се одвива на основ на мени, што не се смета за промена во аранжманот. Строго се забранува внесување на храна и пијалоци во хотелскиот објект од надвор.

 

ВИЗИ/ПАТНИ ИСПРАВИ

– Патниците кои не се државјани на Република Македонија и Србија задолжително да се инвормираат за визниот режим за земјата во која патуваат или за земјите низ кои транзитираат и сами благовремено да ги обезбедат потребните документи доколку е потребно.

– Малолетни деца кои батуваат без родителите или со еден родител потребно е да имаат согласност од двајцата родители за преминување на границата со друго лице кое е полнолетно. Согласноста се издава во овластени институции на самата држава.

– Во случај на не одобрување на визата од страна на емиграционото одделение, агенцијата не сноси одговорност за недобивање на истата а износот за трошоците за визирање е не фефундабилен. Во случај на веќе одобрена и издадена виза за одредена земја се откажат од патувањето, трошокот за виза исто така не се рефундира, а остатокот е подложен на пенали според општите услови на патување.

– патната исправа/ пасош мора да е валидна минимум 6 месеци од денот на завршување на аранжманот. Во спротивно може да дојде до проблем на границата при влез во земјата, а за истото агенцијата не сноси никаква одговорност.

 

ПРЕВОЗ СО АВИОН:

– Времето на полетување и слетување го одредува авио компанијата со дати и време по локалната земја.

– Агенцијата не е во можност да гарантира за времето на поаѓање по кое редовните летови или чартерите ќе бидат реализирани.

– На чартер летовите не постојат класи на седишта, така да не е возможно претходна резервација на одредено седиште во авионот туку распоредот се прави на аеродромот при чекирање.

– Према меѓународните стандарди, во случај на доцнење на летовите, аво компанијата ја превзема одговорноста за патниците.

– Багаж: кај патувањата со авион, патниците можат да понесат максимум 20 kg багаж. Во случај на поголема количина на багаж организаторот на патувањето не сноси одговорност доколку авио компанијата наплати дополнителен трошок за дополнителен багаж. Во рачниот багаж не е дозволени да се носат ножици, маникир сетови и други остри предмети, течности над 100мл, спрееви и други пакувања кои се под притисок. Доколку багажот е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромор веднаш да го известите агентот на авио компанијата или одделот за изгубено-најдено. За исплата на обештетување за изгубен багаж или оштетен багаж, надлежна е само авио компанијата.

 

ЦЕНИ И НАПОМЕНИ ЗА ДЕЦА:

– Цените за деца важат само во придружба на две полноплатежни суми.

– Дете до 2 години најчесто патува бесплатно и немаат седиште во авион или автобус, исхрана ниту кревет во хотел или друг сместувачки капацитет.

– Дете кое е бесплатно во хотел или друг сместувачки капацитет, плаќа само авионска карта и има седиште во авион или автобус, оброци и останати услуги освен кревет во сместувачки капацитет.

– Дете кое остварува одреден попуст ги има сите услуги од програмата, освен што наместо стандарден кревет има помошно легло.

– При пријавување на имињата на патниците за аранжманот, задолжително е да се наведат и датумите на раѓање на детето кое се најавува во хотел. Хотелот го задржува правото да на лице место наплати дополнителни трошоци доколку податоците кои се дадени не се валидни.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

– факултативните излети се излети кои се во организација на локална туристичка агенција и истите не се задолжителни освен ако поинаку не е наведено по програма и истите не се вклучени во цената со програмата. Пријавувањето за незадолжителните излети се врши на лице место ( доколку поинаку не е наведено) без одговорност на организаторот на патувањето или представникот од агенцијата во поглед на квалитетот и поволностите на цените.

– Термините а факултативните излети се променливи во зависност од слободните места по локалитетите, бројот на пријавени патници и од останати објективни причини.

ПРЕТСТАВНИК ОД АГЕНЦИЈА:

– Претставникот е задолжен за пречек при пристигнување и испраќање при заминување на гостите према распоредот на патници претходно доставен, можност за факултативни излети или евентуална помош (услугата од претставник/водич од агенција не подразбира целодневно или секојдневно присуство).

– Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците да го известат претставникот на првиот инфо состанок или телефонски, веднаш чим се појави проблем. Напоменуваме дека рекламирање за кое агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или по враќањето на патниците не се зема во предвид.

– Во случај на било каквов инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода,…) треба да се обратите до надлежните органи на домашната земја. Организаторот на патувањето единствено може да ви помогне во посредувањето (наоќање контакт/воспоставување врска) помеѓу вас и надлежниот орган.

– Известување за локалниот претставник, број за итни телефонски случаеви во склад со законот се добива еден ден пред почетокот на патувањето.

 

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ:

– Авионкси карти, визи, ваучери и останата документација за патувањето се довива: директно на аеродромот, 2 часа пред лет во закажаното време од страна н аеродромскиот претставник, на шалтерот на агенцијата посочен од страна на агенцијата, по електронски пат, лично во агенцијата.

– Планирајте го времето за пат до местото на поаѓање бидејќи задоцнување (сообраќајна незгода, гужва, работа на пат…) агенцијата нема да сноси одговорност доколку патникот не стигне на време на аеродромот и на време не се пријави на ллет или на местото на состанот на групата. За тие патници се применува правилото за откажан аранжман и се третира според општите услови на патување, како да се откажале од аранжманот на денот на поаќање.

– Организаторот на патувањето не е овластен да ја процени валидноста на патните и другите исправи.

ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето!!!

 

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија