ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 36 ДЕНА

ДОХА (КАТАР), СИНГАПУР, СИДНЕЈ (АВСТРАЛИЈА), ПИКТОН И ВЕЛИНГТОН ( НОВ ЗЕЛАНД), ПРЕМИНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ДАТУМСКА ГРАНИЦА, ТАХИТИ И БОРА БОРА ( ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА), ХАВАИ И ЛОС АНЏЕЛЕС ( САД), ЛИМА, КУСКО И МАЧУ ПИКЧУ ( ПЕРУ), САО ПАОЛО ( БРАЗИЛ). Поаѓање: 10.04.2018 / Враќање: 15.05.2018. 36 дена / 35 ноќи Групно поаѓање со професионален водич […]

ДОХА (КАТАР), СИНГАПУР, СИДНЕЈ (АВСТРАЛИЈА), ПИКТОН И ВЕЛИНГТОН ( НОВ ЗЕЛАНД), ПРЕМИНУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ДАТУМСКА ГРАНИЦА, ТАХИТИ И БОРА БОРА ( ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА), ХАВАИ И ЛОС АНЏЕЛЕС ( САД), ЛИМА, КУСКО И МАЧУ ПИКЧУ ( ПЕРУ), САО ПАОЛО ( БРАЗИЛ).

Поаѓање: 10.04.2018 / Враќање: 15.05.2018.

36 дена / 35 ноќи

Групно поаѓање со професионален водич од Белград

Патување за кое се добива златна дипломанаместо ваучер и кое претставува круна на сите патувања кои сте ги имале! Обиколката на земјата за 36 дена е доживување кое припаѓа само на најсреќните…

      ДЕН / МЕСТО
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1. ДЕН
   (10.04.2018)

БЕЛГРАД-ДОХА-СИНГАПУР

Состанок на групата на аеродромот ‚‚Никола Тесла” со водичот на Понте Травеч пред шалтерот на агенцијата во 10:25h. Полетување за Доха во 12:25h (лет QR 232). Летот трае околу 5 часа. Оброк и пијалоци во авион. Слетување во 18:25h. полетување за Сингапур во 20:35 (лет QR 942). Оброци и пијалоци за време на летот. Летот трае околу 7 часа и 40 мин.
2. ДЕН

       (11.04.2018) СИНГАПУР
Слетување во Сингапур во 09:15h. трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време за одмор. Ориентациона прошетка низ Сингапур со водич. Ноќевање.
     3. ДЕН
      (12.04.2018)

   СИНГАПУР

             
Појадок (шведска маса). Трансфер за полудневен разглед на градот. Панорамски попладневен разглед кој опфаќа: зградата на врховниот сид, Парламентот, градското собрание, градското пристаниште каде може да се види чуената скулптура на митолошкото суштество полу риба полу пал Мерлон, која на некој начин е симбол на градот. Посета на тајландскиот храм Хок Кенг, еден од најстарите будистички храмови во СИнгапур, потоа посета на кинескиот и индијскиот кварт, каде можат да се купат миризливи зачини. Обиколка на градината со орхидеи која е во склоп на сингапурската ботаничка градина… враќање во хотелот. Во вечерните часови заминување за тропскиот остров Сентоса. Возење со жичара на островот со преубав поглед на градот. Овој остров некогаш бил војна англиска база, а сега е одлична туристичка атракција која секојдневно ја посетуваат илјадници туристи. Сентоса има преубави природно опкружување и изобилува со забавно рекреативни содржини ( подводен свет, лагуната на делфините, паркот на пеперутките и инсектите, градини, плажи, вечерни ласерски представи…). Од островот може да се ужива во магичниот призор на залезот на сонцето. Враѓање во хотелот. Ноќевање.
4. ДЕН  (13.04.2018)

СИНГАПУРСИДНЕЈ

Појадок (шведска маса). Слободно време за индивидуални разгледи и купување на сувенири. Попладневен трансфер за на аеродром. Полетување за Сиднеј во 19:25h (лет BA 015). Летот трае околу 7 часа и 45 минути. Оброци за време на лет.
5. ДЕН (14.04.2018)

СИДНЕЈ

Слетување во Сиднеј во 05:10 часот. Трансфер до хотелот. Појадок. Слободно време за одмор. Поаѓање за попладневен разглед на градот. Сиднеј е еден од најстарите, најголемите и најубавите ос сите австралиски градови, кој лежи на сред копно и море. Долж најубавото слетлечко преубаво пристаниште, се гледа белото едро Операта како и елегантниот Сиднејски пристанишен мост… познати атракции на градот се и пристаништето “Darling”, плоштадот Рокс, кулата, зградата на британската крализа Викторија, “Kings Kros district” и уште многу други… враќање во хотелот. Ноќевање.
6. – 7. ДЕН (15.-16.04.2018)

СИДНЕЈ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности и разгледи. Можност за органзиација на некои факултативни излети во организација на водичот на лице место. Ноќевање.



8. ДЕН (17.04.2018)

СИДНЕЈ (КРСТАРЕЊЕ)

Појадок (шведска маса). Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до пристаништетот околу 14:00h. по пристигнувањето, влегување во бродот “Radiance of the seas“ од чуената бродска компанија “Royal Caribbean Cruises. Испловување во  18:30 часот. Полн пансион на бродот, попладневна ужина и полноќна шведска маса. Пијалоците се служат само за време на појадок и ручек бесплатно. Ночевање на бродот.
9. – 10 ДЕН (18.-19.04.2018)

 

КРСТАРЕЊЕ

Пловидба и уживање во содржините на бродот. Бродот поседува 3 базени, 3 џакузи, фитнес центар, ресторани, барови, казино, театар со представи како оние на Бродвеј, спортски активности (ѕид за качување на карпи, терен за кошарка, мини голг…), дел со видео игри, барови со жива музика и уште многу забава… Ноќевање.
11. ДЕН (20.04.2018)

ПИКТОН (НОВ ЗЕЛАНД)

 

Пристигнување на пристаништето од градчето Пикто во 12:00h. Ова место за многу е најубавото место на крајбрежјето на Јужниот остров кој ги поврзува двата новозеландски острови ( јужниот и северниот). Делот е најпознат по винарската регија Малборо (Malborough) кој е прочуен и по својте природни убавини. На замото место се наоѓа аквариум, пловечки поморски музеј како и доста ресторани, барови и разни галерии. Сепак најпозната атракција е 70 km долгата стаза “Кралица Шарлота“ која ве води низ преубави контрастни пејсажи, историски знаменитости, бајковити предели, магична природа. Дел може да се помине и пеш или да се изнајми велосипед. Во близина се наоѓа најпознатиот винарски град на земјата Бленхајм ( кратко возење). Враќање во бродот. Испловување во 21:00h. Ноќевање во бродот.
12. ДЕН (21.04.2018)

ВЕЛИНГТОН (НОВ ЗЕЛАНД)

 

Пристигнување на пристаништето Велингтон во 08:00h. велингтон е главен град на Нов Зеланд. Се наоѓа на крајниот југ на Северниот остров. Од страна на “Lonely Planeta” прогласен е како „најопуштената мала престолнина на светот”. Планината Викторија е најпопуларната планина во близина бидејќи го нуди еден од најспектакуларните погледи кон градот. Викторија можете да ја видите и во филмот на Питер Џексон, господарот на прстените. Возот кој се искачува е исто така симбол на градот и превозот на патниците од центарот, Lambton Quaya, па се до живописните предели на Kelburn претставува вистинско воодушевувачко доживување. На посетителите им се нуди можност да го посетат и  Cable Car музејот, како и да ги посетат ботаничките градини на Велингтон. Секако на туристите интересни атракции им се и тврдината Wrights Hill, долината Hutt, резерватот Карори и многу од тоа. Посебно внимание туристите обрнуваат на шопингот бидејќи Велингтон се смета за еден од најефтините градови на светот. Враѓање во бродот. Испловување во 17:00h. ноќевање на бродот.
13. ДЕН (22.04.2018)

КРСТАРЕЊЕ ПО ПАЦИФИКОТ

Крстарење по Пацификот и уживање во бродските содржини.
13. ДЕН (22.04.2018)

КРСТАРЕЊЕ ПО ПАЦИФИКОТ

ПРЕМИНУВАЊЕ НА ДАТУМСКАТА ЛИНИЈА

Крстарење по Пацификот и преминување на меѓународната датумска линија на средината на океанот каде можат да се видат некои територии како и групи на острови. Меридијанот кој се наоѓа наспроти Гринич на 180° е употребен за датумска граница, бидејќи во најголемиот дел поминува преку океанот. Датумската линија во најголемиот дел го прати овој меридијан освен во населените подрачја, каде е поместена од практични причини. При преминување на датумската граница, датумот се поместува, па така кој преминува од исток кон запад го поместува календарот за еден ден наназад што е случај и со ова преминување.
14. – 16. ДЕН (23. – 25. 04.2018)

КРСТАРЕЊЕ

 Пловидба и уживање во разните содржини на брод.
17. ДЕН (26.04.2018)

ПАПЕТЕ, ТАХИТИ

(ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА)

Пристигнување на пристаништето Папете на Тахити во 08:00 часот наутро. Француска Полинезија, архипелаг со нестварна убавина во чиј состав се најгламурозните острови на светот, со право омилена дестинација на богатите и славните… Овде се наоѓа рајот на земјата кој не се заборава. Тахити е познат по преубавите плажи, но островот е дом и на голем број на музеи, каде влезот е слободен. Зузејот на бисерите е единствен во светот од многу аспекти, овде можте да научите се за овие драгоцености. Чуениот француски сликар, Пол Гоген својте последни 12 години од животот ги прошол на Тахити. Островот поседува музеј во негова чест. Враќање во бродот. Испловување од пристаништето Папете во 23:00 часот
18. ДЕН (27.04.2018) – БОРА БОРА

(ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА)

Пристигнување на пристаништето на Бора Бора во 08:00 часот наутро.

Бора Бора е најромантичното и најекстравагантното место на планетата. Бора Бора во превод значи првородено. Плажите од пудресто белиот песок, тиркизно сината лагуна, нестварно убавата природа им пружаат на посетителите чувство дека се наоѓаат на овоземскиот рај… по уживањето на овој остров, враќање во бродот. Испловување во 18:00h.

19.- 23. ДЕН (28.04.- 02.05.2018)

КРСТАРЕЊЕ

Пловидба и уживање во разновидните бродски содржини.

 

24. ДЕН (03.05.2018)

ХУАНАЛУЛУ (ХАВАИ)

 

Пристигнување на пристаништето во 06:00 часот наутро. Попладневен трансфер во хотелот на познатата плажа “Waikiki”. Сместување. Хаваи е дестинација од соништата, остров со рајска природа, убави луѓе и сестран ритам. Се наоѓа во Тихиот океан и припаѓа на Полинезиските острови, територаијално припаѓаат на САД. Дом на некој од најактивните вулкани на светот (Mauna Loa, Mauna Kea). Во целиот архипелаг постојат 8 најголеми острови: Хаваи, Мауи, Оаху, Нихаи, Кауаи, Молокаи, Ланаи, Кахолаве. Хаваите се најсреќна земја за живот по една американска студија на истражувачкиот центар Галуш. Поволната клима, километарксите плажи, сирфањето, еколошката храна, вилканскито остров и природните убавини се само мал дел од овој земски рај. Ноќевање.
25. ДЕН (04.05.2018)

ХУАНАЛУЛУ (ХАВАИ)

Појадок. Поаѓање за разглед на градот. Разглед на главниот град Хуаналулу, Дијамантските глави, вилканската купа, Ханаума заливот, природниот резерват и увалата Халона… враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање.
26. ДЕН (05.05.2018)

ХУАНАЛУЛУ (ХАВАИ)

Појадок. Слободно време за сончање и капење. Можност за организација на факултативни излети со водич на лице место. Ноќевање.
27. ДЕН (06.05.2018)

ХУАНАЛУЛУ ЛОС АНЏЕЛЕС

Ран утрински трансфер на аеродром. Полетување за Лос Анџелес во 07:10h (лет AA 108). Летот трае околу 5,5 часа. Храна и пијалоци за време на летот со American Airlines се наплаѓаат во авион. Слетување во 15:41h. Трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.
28. ДЕН (07.05.2018)

ЛОС АНЏЕЛЕС

 

Поаќање за панорамски разглед на градот во придружба на водич. Лос Анџелес е град кој е синоним за остварување на ’’American dream’’ најмногу поради познатиот Холивуд кој е кулминатина точка за филмската индустрија, место каде се одржуваат најголемите филмски манифестации на светот, доделувањето на Оскарите и каде се наоѓаат домовите на многу познати личности. Местото го основале Мексиканците во далечната 1781 година и се до 1846 година бил во состав на Мексико. Така го добил и називот Градот на ангелите. Разгледот опфаќа разглед на познатите делови од градот Беверли Хилс, Бел Ер, Родео Драјв, булеварот на самракот, Холивуд е познат и по Кинескиот театар на кој се наоѓаат отпечатоци од стапалата и дланките на познатите личности ширум светот. По завршување на разгледот трансфер до хотелот. Сместување. Слободно попладне. Ноќевање.
29. ДЕН (08.05.2018)

ЛОС АНЏЕЛЕСЛИМА

Слободно време. Трансфер до аеродром. Полетување за Лима во 14:00h (лет LA 2477). Летот трае околу 8 часа и 45 минути. Ручек во авион.
30. ДЕН (09.05.2018)

ЛИМА

 

Слетување во 00:45 часот. Трансфер до хотелот. Ноќевање. Појадок. Обиколка на колонијалниот и модерниот дел на градот. Разгледот започнува со посета на прлоштадот на оружјетосо колонијалните згради како што се палатата на владата, општината, Катедралата… Посета на манастирот Сан Франциско со лавиринтот од тунели и катакомби кои служеле како масовни гробници. По посетата на историскиот центар на градот, обиколка на модерниот дел на градот Сан Исидоро и Мирафлорес. Во Сан Исидри се наоѓа паркот на маслинките каде стари маслинови стебла се наоѓаат покрај модерен трговски центар. Во Мирафлорес се наоѓа паркот на љубовта каде се пружа преубав поглед на ихиот океан. Обиколката завршува со посета на фасцинантниот музеј Ларко Херера. Со повеќе од 45,000 објекти пред Колумбовска керамика, текстил, златни и сребрени парчиња, го прави еден од музеите со најимпресивна колекција. Исто така е познат и по изложбите на еротска керамика, Мочика култура. Враќање во хотелот. Слободно време. Ноќевање. Лима: Перуанска престолнина која е основана во 1535 година од стана на шпанскиот конквистадор Франциско Пизара. Овде ќе го видите богатството од колонијалниот период и орентални базари. Градот има меланхолична зима каде доминира магла „garua“ и топли и влажни лета. Има големи квартови во кои живее сиромашно население, но и богати квартови со стари куѓи со мирис на јасмин.
31. ДЕН (10.05.2018)

ЛИМА-КУСКО

 

Ран утрински трансфер до аеродром. Полетување за Куско во 09:00h (LA 2123). Летот трае околу час и половина. Ужина и пијалок за време на летот. Слетување во 10:35h. трансфер до хотелот. Сместување. Одмор. Обиколка на градот која се состои од писета на неговите најзначајни знаменитости од времето на Инките и колонијалната доба. Посета на манастирот Санто Домингоо кој е изграден на местото на некогашен храм. Заминување до катедралата, која се смета за најдобар пример од колонијалната уметност на школата Куско. Изграден е над палатата на Инките Виракоча, која била верски и политички центар на Куско за време на владеењето на Инките. Потоа обиколка на надворешните делови на градот каде се наоѓаат рушевините на царството на Инките. Од нив најважен е археолошкиот парк Сакајаман, каде куп од камења е сложен во цик-цак. Куско: папакот на земјатае другиот назив за Куско, бидејќи за време на растот на Инките секој пат се водел како престолнина на царството. Овде не само што ќе ги видите ѕидините на Инките туку и колонијални палати и католички цркви.
32. ДЕН (11.05.2018)

КУСКО

 

Појадок (шведска маса) во хотелот. Возење до пазарот Писак. Ова е добро познат пазар помеѓу жителите и туристите. И се до ден денешен не го исгубил својот шарм и покрај многубројните посетители. Постојат 2 дела: локален дел каде локалното население продава прехранбени продукти, и другиот дел местото каде се наоѓаат занаетчиските тезги со керамика, облека, накит… Ценкањето на овој дел од градот е пожелно! Ручек во локален ресторан. Во попладневните ласови заминување за Ољантајтамба, место кое било главно упориште на Инките. Ова е местото каде Шпанците ја изгубиле битката против Инките. Враќање во хотелот. Ноќевање.
33. ДЕН (12.05.2018)

КУСКО- МАЧУ ПИКЧУ-КУСКО

Појадок (шведска маса). Според возниот ред возење, трансфер од хотелот до железничката станица во Ољантајтамба. Поаѓање на возот до градчето Аква Калијентес (околу 3,5 часа возење) по должина на реката Урубамба. По пристигнувањето возење со шатл автобус до повеќе од импресивниот Мачу Пикчу (30 мин). “Исгубениот град на Инките’’ не е само едно од седумте сведски чуда, туку и најголемо богатство на Перуанското минато и царството на Инките. Неоткирен од страна на Шпанците и заборавен низ вековите се до 1911 година, кога американскиот научник Хајрам Бингам случајно го пронашол. Градот е поделен на горен и долен дел кој ги раздвојуваат отворени простори или плоштади. Горниот дел го сочинуваат храмови, фонтани, плоштади… во долниот дел на градот биле сместени скромните куќи.
“Храмот на сонцето”, “Храмот со трипе прозорци” и “Главниот храм”, сместени во горниот дел на градот. Градот имал комплексен систем за водовод кој се снабдувал од природни извори, плоштади, улици и градби од различен квалитет на изградба. Се смета дека во Мачу Пикчу живееле околу 1000 жители. Покрај 200 стамбени куќи, на локалитетот се пронајдени и единствени градби кој се сметаат дека имале ритуална функција… Ручек во локален ресторан. Во попладневните часови враќање со мини бус и воз до Куско во хотелот. Ноќевање.
34. ДЕН (13.05.2018)

КУСКОЛИМА САО ПАОЛО

Ран утрински трансфер на аеродром. Полетување за Лима во 05:35h (лет LA 2002). Летот трае околу 1 час и 23 минути. Слетување во 06:58h. Полетување за Сао Паоло во 09:05h (лет LA 2377). Летот трае околу 5 часа. Појадок во авион. Слетување во 16:05h. заминување за панорамски разглед на Сао Паоло. Тоа е еден од најважните финансиски, културен и спортски центар на Бразил како и космополитски центар на Јужна Америка но и најголем град на јужната хемисвера. Разгледот вклучува обиколка на резиденционалниот и универзитетскиот дел на градот, паркот Иберапуерта, плоштадите ’’Republika’’ и ’’Ruzvelt’’, авенијата Паулиста…. Враќање на аеродромот во доцните вечерни часови.
35. ДЕН (14.05.2018)

САО ПАОЛО-ДОХА

 

Полетување за Доха во 03:15h (лет QR 774). Летот трае 13 часот и 25 минути. Оброци и пијалоци за време на летот. Слетување во Доха во 22:40 часот. Трансфер до хотелот (сместување и трансфер во организација на Qatar Airways). Ноќевање.
37. ДЕН (15.05.2018)

ДОХА-БЕЛГРАД

Ран утрински трансфер на аеродром. Полетување за Белград во 07:00h (лет QR 231). Лето трае 5 часа и 25 минути. Оброк и пијалок за време на летот. Слетување во 11:25h.

ЦЕНАТА Е ИЗРАЗЕНА ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА/КАБИНА

(плаќањето се врши во денарска противвредност по курс од 1 еур=62 мкд)

ДАТУМ НА ПОАЃАЊЕ УСЛУГА ЦЕНА
10 АПРИЛ 2018 ПРЕМА ПРОГРАМА 6.780
ЗА ПРВИТЕ 10 ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ ГРАТИС ВАУЧЕР НА 100 USD ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА КРСТАРЕЊЕТО!!!

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: авионски превоз на наведените релации, сместување во двокреветна стандардна соба во хотели со 4* ( локална категорија, освен во Сиднеј 3* супериор, услуга за исхрана како по програма на патување, сите разгледи и трансфери према програма со висококвалитетни климатизирани возила од туристичка категорија, крстарење по програма, сместување во внатрешни кабини, проширен полн пансион во текот на крстарењето ( појадок, ручек, вечера, полноќна ужина и капетанова гала вечера). Дбрани безалкохолни пијалоци за време на појадок и ручек, вечерни забави по програма во залите и баровите со жива мусика, представи, анимации, влез во казино и дискотека, спортски активности, бесплатна употреба на фитнес, сауна, базени и пешкири на бродот, локален водич за време на турите, трошоци за организација и реализација на патувањето, туристилка такса и сите други такси врзани за зместувањето, професионален лиценциран туристички водич кој оди со групата од Белград.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: аеродромски такси 457 Eur по лице ( цената на аеродромските такси е дадена во моментот на објавување на програмата и истата е подложна на промени бидејќи зависи исклучиво од авио компанијата, конечната цена се објавува за време на издавањето на авио билетите што би значело околу 30 дена пред почетокот на патувањето- во случај на порано пополнување на групата авио билетите се издаваат и порано), сите бродски и пристанишни такси кои изнесуваат 186 Eur, бакшиши на бродот кои изнесуваат 200 Eur ( овој трошок се наплатува во агенција), патничко осигурување, трошоци за визирање на пасошите, како и бакшиши за локални водичи и возачи кој во овој дел од светот се задолжителни, сите излети по програма означени како факултативни. На бродот алкохолните и сите други пијалоци кои се нарачуваат во баровите и рестораните, мини барот во соба, перење на облека, здравствени услуги и третмани за убавина, услуга од фризер, телефонски разговори, Wi-Fi, факултативни излети кои се нудат на бродот ќе бидат на еден од светските јазици (англиски, германски, италијански,…). Додека бродот се наоѓа на пристаниште по ваша желба можете да излезете и влезете во/од него и да ги користат сите бродски понуди кои стојат на располагање во тој временски период ( ресторани, барови, анимации, салони за убавина, масажи, базени…).

 

ВИЗИ: за ова патување на државјаните на Република Македонија им се потребни визи за Австралија,  САД и Јужна Америка. Агенцијата помага само при прибирањето на дел од неопходната документација (списокот можете да го добиете во агенција). За виза потребно е пасошот да е со валидност од најмалку 6 месеци од завршувањето на патувањето. Визата за Катар е бесплатна и на агенцијата и е потребно само копија од пасош со добар квалитет.

БРОД:

RADIANCE OF THE SEAS  http://www.royalcaribbean.com/vanity/Radiance

Имињата на хотелите ќе бидат објавени по оформување на групата. Агенцијата гарантира за квалитетот на сместувањето. Агенцијата го задржува правото да го промени редоследот на содржините во програмата како и саатниците.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овој програм потребно е минимум 15 патници.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

За ова патување важат посебни услови за уплата како и за отказ на аранжманот.

 

ВАЖНА НАПОМЕНА:

Организаторот на патувањето препорачува уплата на осигурување кое целосно ги покрива трошоците во случај на отказ на аранжманот.

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Уплата на аконтација од минимум 75% од вкупната цена на патувањето при резервација до 15 Јануари 2018 или до пополнување на местата.
  • Уплата на аконтација од минимум 100% од вкупната цена на патувањето при резервација до 20 Февруари 2018 или до пополнување на местата.
  • Уплата на таксите до 10 март 2018 година.

 

УСЛОВИ НА ОТКАЗ:

  • 20% од цената на патувањето за отказ од 90 до 60 дена пред почетокот на патувањето.
  • 30% од 60 до 45 дена пред почетокот на патувањето.
  • 80% од 45 до 40 дена пред почетокот на патувањето.
  • 100% од 40 дена до денот на патувањето, не појавување на патувањето или откажување за време на патувањето.

 

НАПОМЕНА:

  • Агенцијата организатор на патувањето го задржува правото на промена на редоследот на содржината на програмата поради објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на курсот на монетарионт пазар и слично да ја промени и цената на патувањето.
  • Организаторот на патувањето не сноси одговорност за евентуални други усно дадени информации а кои не се дел од програмата на патување.
  • Се молат патниците да го проверат точното време на летот два дена пред почетокот на патувањето.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

 

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија