Andre Rieu – Виена

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ /12330 ден. (билети D категорија)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 225€ /13950 ден. (билети C категорија)

Andre Rieu во Австрија се претставува со неговиот нов репертоар. Ќе имате можност да уживате во уникатниот преформанс заедно со неговиот концертен оркестар “Johann Strauss”, хорот и солистите кои се дел од големата сцена. Уживајте во големата забава и во неодоливите валцери, класична музика, оперети и мјузикли во вечерта која што ќе биде незаборавна. Уверете се  зошто Andre Rieu е еден од најпознатите светски изведувачи во живо, во изминатите неколку години.

Ден 1

16.06.2017 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 16.30 ч. и поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

Ден 2

17.06.2017 Виена – Концерт “Andre Rieu “

Пристигнување во Виена околу пладне и сместување во хотел (доколку се поминат границите без поголеми непланирани задржувања и времето дозволи, ќе се посети Outlet Shopping Center – Parndorf пред сместување во хотел). Слободно попладне за одмор.Во вечерните часови организирано поаѓање на концерот на маестралниот Andre Rieu. По завршување на концертот враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3

18.06.2017 Виена

Појадок. По појадокот следи панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

Ден 4

19.06.2017 дворецот Шенбрун и Дунавска Кула  

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна, факултативна посета на Дунавската Кула. Оние патници кои нема да користат факултативни посети на дворецот Шенбрун и Дунавска Кула ќе имаат слободен ден за индивидуални активности низ Виена. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

Ден 5

20.06.2017 Скопје 

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Концертот на “Andre Rieu” (превоз+влезинца) Wiener Stadhalle / Osttribune (Источна трибина)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30€
  • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 10€
  • Патничко осигурување – 5€

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија