Andre Rieu – Загреб

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 155€/9.610ден.

Andre Rieu се претставуа во Загреб во најновото ШОУ издание, заедно со неговиот оркестар “Johann Strauss” составен од 60 челенови и солисти. Andre ќе ве воодушеви со неговиот перформанс. Маестрото ќе диригира со 60 члениот оркестар и ќе музицира со светски најпознатата виолина на STRADIVARIUS со што ќе создаде колоритен концерт полн со изненадуања. Репертоарот се состои од романтични, емоционални балади па се до најраскошните и најпознатите валцери. Доживејте ја магијата на Andre Rieu, во една специјална и незаборавна вечер, и уверете се зошто Andre Reiu, е еден од најпознатите светски изведувачи во живо, последниве неколку години.

Ден 1

13.06.2017 Скопје – Загреб

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 19:30 ч. и поаѓање за Загреб во 20:00. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

Ден 2

14.06.2017 Загреб

Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание…. слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнвните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

Ден 3

15.06.2017 Загреб- Плитвички езера- концерт- Концерт “Andre Rieu “

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Предлагаме целодневна факултативна посета на Плитвички Езера. Национален парк во близина на патот Загреб-Далмација, прогласен уште во 1949 година, а под заштита на УНЕСКО влегува во 1979 како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долнотт езеро. За оние кои нема да заминат на факултативна посета, предлагаме прошетка низ Загреб се до планираниот состанок на групата на договорено место и време во Загреб по што ќе следи организирано поаѓање кон Арена Загреб каде ќе се проследи концертот на маестралниот “Andre Rieu”. По завршување на концертот заминување за Скопје.

Ден 4

16.06.2017 Скопје

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел во Загреб со 3* на база на 1 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за Концертот на “Andre Rieu” (превоз+влезинца) Арена Загреб / Сектор: Трибина ГОРЕ 2
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен факултативен излет НАЦИОНАЛЕН ПАРК – ПЛИТВИЦЕ (превоз + влезница + водич) – 45€
  • Патничко осигурување – 5€

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

Актуелни Понуди

Грција Лето 2017

Касандра

Грција Лето 2017

Тасос

Грција Лето 2017

Ситониа

Грција Лето 2017

Скиатос

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија

„Ја има харизмата на Елвис” , „ Тој е еден од наголемите светски ѕвеѕди” ,  ова се само некои од критиките во весниците  The Washington Post и New York Times за славниот холандски виолинист и диригент Andre Rieu. Тој е основач на мегaпопуларниот оркестар “JOHANN STRAUSS” .После низа на одржани концерти во Јужна Америка, Австралија и Западна Европа оваа година за прв пат ќе ја посети Хрватска.

Славниот виртуозот на виолина и диригент во својата богата кариера има продадено повеќе од  40 милијони  албуми. Неговите настапи годишно ги имаат проследено  над 600.000 обожаватели, а посебен е во тоа што има најголем приватен оркестар во светот.

Andre Rieu е светска атракција, а до сега има издадено 30 албуми кои завршиле како број 1 на светските листи.

Дека станува збор за музичар од светски калибар зборува и податокот за прикажувањето во живо на неговиот  OPEN AIR концерт во Мастрихт, Холандија 2015 година, во 460 британски кина кои инкасирале над 1милијон фунти заработка со што овој уметник ги надминал концертите на “One Direction” и “Take that” а со тоа дефинитивно докажа дека тој навистина е една од наголемите ѕвезди на денешницава. Инаку ,Andre Rieu, е во среќен брак веќе 40 години. Има два сина и пет внуци а освен  со фамилијата најмногу се гордее со својата 300 години стара STRADIVARIUS виолина.

Маестралниот холанѓанец и неговиот оркестар одлучија оваа година,светското шоу да го прикажат и во Хрватска  а како тоа ќе изгледа ,ќе можете да видте во ЗАГРЕБСКАТА АРЕНА на  15 Јуни 2017 година заедно со ФАЛКОН ТРАВЕЛ кој ве поканува заеднички да го проследиме големиот настан и да уживаме во маестралното музицирање на големиот Andre Rieu.