Атина

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

1 ден 29.12.2017 – СКОПЈЕ                

 Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2017 – АТИНА        

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2017  АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ     

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион – Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2018 – АТИНА – ПИРЕЈА- СУНИОН- СКОПЈЕ 

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 02.01.2018  – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

 

 

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 119€/7.370 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129€/7.990 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување на база  2 НП во хотел 3*

– Панорамски разгледна градот со локален водич.

– Организација на аранжманот и пратител на групата

– Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Задолжително патничко осигурување 160 ден

– Факултативна посета на Пелопонез (30 €)

– Вечера во Таверна (35€)

– Посета на Пиреј и Сунион (10€)

– Влезници за локалитетите и други факултативни посети

– Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СКТМ и Фалкон Травел-Скопје

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија