Азурен Брег

Организиран бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово

Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

1 ДЕН 29.12.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО  

Состанок на групата во 11 30 ч. Поаѓање во 12:00 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

 

2 ДЕН  30.12.02017 FRANCIACORTA OUTLET – МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.  Сместување во хотел. Факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот…. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.  Ноќевање.

3 ДЕН  31.12.2017 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Предлагаме  дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.

4 ДЕН  01.01.2018 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата…   Ноќевање.

 

5 ДЕН  02.01.2018 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето….Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ДЕН  03.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 239/ 14.810 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259€/ 16.050 ден.

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Милано (околина) во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница во хотел  3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Милано со локален водич.
  • Разглед на Ница
  • Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
    http://www.franciacortaoutlet.it
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 190 мкд,
  • Новогодишна посета на Монте Карло (20€)
  • Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез, Монако (20€)
  • Посета на Кан и Сент Тропез (30€)
  • Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.100 ден

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на СКТМ и Фалкон Травел-Скопје
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија