Будимпешта

  • Дестинација:
  • Времетраење: 5 дена
  • Цена: 99€

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€/6.750 денари
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 99€/6.130 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

Ден 1

08.03.2017 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2

09.03.2017  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

Ден 3

10.03.2017 БУДИМПЕШТА – Братислава

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно). *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта можност за факултативна посета на ресторан Чарда (традиционален Унгарски ресторан со вклучено мени). Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

11.03.2017  БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

Ден 5

12.03.2017  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • разглед на Будимпешта со локален водич
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав – 15€
  • посета на традиционален ресторан Чарда – 25€ – мин. 25 лица за реализација
  • факултативна посета на Братислава со локален водич – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 25 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување – 5€
  • индивидуални трошоци

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Промо Понуди

Милано - 8ми Март 2017

milano-2

МИЛАНО

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 189€/11.710 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.

Прага - 8ми Март 2017

5

ПРАГА

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 139€/8.610 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

CINQUE TERRE - 8ми Март 2017

firenca-1

CINQUE TERRE – FIRENCA

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 179€/11.090 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија