Будимпешта (со Виена)

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА    Состанок со групата во 17:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 18:00ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности. 2 ден 08.12.2017 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на […]

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА   

Состанок со групата во 17:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 18:00ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 08.12.2017 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта или факултативна посета на традиционален реторан Чарда со традиционални игри и вклучено мени и пијалок. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 09.12.2017 БУДИМПЕШТА – ВИЕНА – БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, во раните утрински часови факултативно поаѓање за Виена – панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… индивидуални прошетки низ центарот на европската култура и доживување на пред-Божиќната магија на градот. *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивудуално. Поаѓање за Будимпешта во попладневните часови со попатно застанување во Outlet Shopping Center – Parndorf. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.12.2017  БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 11.12.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.11: 99€/6.140 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109€/6.760 денари

 

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сметување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • Разглед на Будимпешта со локален водич
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав – 15€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на традиционален ресторан Чарда – 25€
  • факултативна посета на Виена – 30€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 30 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување – 5€
  • индивидуални трошоци

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија